Керамичка амајлија во која се врежани иницијалите на сите членови на семејството Шумахер, му подарила Корина на Михаел во 1995 година кога се венчале.Сопругата на Михаел Шумахер, Корина во болничката соба во Гренбол ја донела керамичката амајлија која му го спаси животот во 1999 година на црвената трка во Силверстон.
Керамичка амајлија во која се врежани иницијалите на сите членови на семејството Шумахер, му подарила Корина на Михаел во 1995 година кога се венчале, а познатиот возач ја носел со себе на сите трки во текот на својата кариера.
Славниот Германец оваа амајлија ја имал и во текот на прочуената трка за Големата награда на Велика Британија во Силверстон 1999 година кога во првиот круг во завојот „Стоув“ се заби во ѕид при брзина од 107 километри на час. Германецот се здоби со две скршеници на десната нога, и со обилно крварење. Возачот на Ферари ќе загинеше на лице место, доколку во тој момент не се појавеше доктор Сидни Воткинс. Воткинс го запрел крварењето па Шумахер се опорави и по неколку дена се врати на патека.
За тоа колку му значела оваа амајлија, говори и изјавата на Михаел после трката во Бахреин во 2004 година. Амајлијата тогаш, според неговите зборови му помогнала да победи.
„Непосредно пред трката забележав дека ја оставив во хотелот. Некој дотрча до таму и ми ја донесе. Тоа можеби беше одлучувачки момент во оваа трка. Корина и децата се секогаш со мене,“ рече тогаш Михаел.
Членовите на семејството Шумахер ја предале снимката од камерата на кацигата, на надлежните, и притоа ги замолиле новинарите кои се наоѓаат пред болницата да не изнесуваат непроверени информации за здравствената состојба на Михаел Шумахер.Сопругата на Михаел Шумахер, Корина во болничката соба во Гренбол ја донела керамичката амајлија која му го спаси животот во 1999 година на црвенат



