Шумахер се бори за живот!

Михаел  Шумахер се бори за живот по тешкиот инцидент за време на скијањето на француските Алпи.Тој е хоспитализиран во одделението за интензивна нега во болницата во Гренобл, каде е пренесен со хеликоптер од скијачкиот центар Мерибел во реонот на Албервил.
Лекарите во болницата соопштија дека германскиот автомобилски ас има тешки повреди на мозокот.
Тој се наоѓа во кома и неговата здравствена состојба е критична, а лекарите биле принудени да му извршат  итна операција на главата за да се запре внатрешното крварење.При падот удрил со главата во една карпа. Иако носел скијачки шлем, тој не помогнал да ја спречи тешката повреда, предизвикана од ударот во карпата.
Најпрво  се тврдеше дека Шумахер не е сериозно повреден и дека самиот си заминал од местото на инцидентот, објаснувајќи дека има само болки од паѓањето.
Но, потоа е информирано дека спасувачките патроли на центарот Мерибел, кои први дошле до повредениот скијач, побарале лекарска помош за да му се помогне на Германецот, по што тој прво бил пренесен во локалната болница, а од таму набрзо бил префрлен во болницата во Гренобл. 
Немилиот се случи вчера претпладне, додека Шумахер се скијал со својот син надвор од означената скијачка патека. Тој е хоспитализиран во одделението за интензивна нега во болницата во Гренобл, каде е пренесен со хеликоптер од скијачкиот центар Мерибел во рео

Пронајдете не на следниве мрежи: