SUPERBIKE- почетокот на сезоната со пренос на Eurosport

Loading...

Јубилејната 30та сезона на Светското Superbike првенство започнува овој викенд. 14 тимови традиционално се собраа во Австралија на легендарната патека Phillip Island, која е прва од 13те Superbike арени низ светот. Патеката е долга 4445 км и има 12 кривини (5 леви и 7 десни), а Superbike рекордот на Phillip Island го држи Eugene Laverty со време од 1:31.168, што е незначително подолго од рекордот на Nicky Hayden 1:30.059.Последните две сезони ги одбележи Jonathan Rea од Kawasaki тркачкиот тим, кој два пати го има освоено првенството на Kawasaki ZX-10R. Минатата година зад себе го остави тимскиот колега Tom Sykes, а во 2015 Chaz Davies од Ducati.
 
Мотоциклите кои се натпреваруваат на Светското Superbike првенство се тркачки спортски верзии на патничките мотоцикли и зафатнина на моторот меѓу 750 и 1200 cm3 во зависност од сезоната. Најмногу успеси на првенството имаат Ducati мотоциклите, а титулата светски прваци ја носат и Honda, Suzuki, Kawasaki, Yamaha и Aprilia.
 
За разлика од MotoGP, каде во секоја класа се вози по една трка за Големата награда, на Superbike првенството се одржуваат две трки (до 2015 се возеа во ист ден, а од 2016 во два последователни), а должината на трката мора да биде меѓу 90 и 110 километри.
 
Еуроспорт со директен пренос ќе ги следи сите натпреварувања од оваа јубилејна Superbike сезона. Со оглед на тоа дека сезоната започнува во Австралија, прeносот по наше време е во сабота наутро во 5:00 на Eurosport 1.Последните две сезони ги одбележи Jonathan Rea од Kawasaki тркачкиот тим, кој два пати го има освоено првенството на Kawasaki ZX-10R. Минатата годи

loading...