Супервторник им донесе убедливи победи на Клинтон и Трамп на првичните избори во САД

Доналд Трамп победи вчера на првичните избори на Републиканската партија во Флорида, Северна Каролина и Илиноис, но загуби во Охајо, каде победата ја однесе гувернерот Џон Кејсик.Хилари Клинтон победи на првичните избори за претседателски кандидат на Демократската партија во најмалку четири држави, Флорида, Северна Каролина, Охајо и Илиноис, нанесувајќу му тежок удар на нејзиниот соперник, сенаторот од Вермонт, Барни Сандерс.
– Уште еден супервторник за нашата кампања. Се приближуваме кон тоа да ја добиеме номинацијата на Демократската партија и да ги победиме на изборите во ноември, рече Клинтон пред своите приврзаници.
Сенаторот на Флорида Марко Рубио изјави вчера дека се повлекува од трката за номинација на претседателски кандидат на Републиканската партија, откако беше победен во неговата држава од Трамп.
Кејсик останува единствениот кандидат, поддржан од традиционалното јадро на Републиканската партија.
Трамп победата ја почна со освојување на речиси 73 отсто од гласовите на партиските конвенции на Северните Мариански Острови.Хилари Клинтон победи на првичните избори за претседателски кандидат на Демократската партија во најмалку четири држави, Флорида, Северна Каролина,

Пронајдете не на следниве мрежи: