Хероинот е бела кристална супстанца изведена од морфиумот. Шеќерот е бела кристална супстанца која најчесто се добива од генетски модифицирана генетска трска. И двете предизвикуваат зависност, го менуваат мозокот и се врзуваат за ендорфинските рецептори кои произведуват еуфоричен ефект.Предозирањето или континуираното користење на хероин може да биде фатално. Исто така, постојаната консумација на шеќер допринесува за појава на многу болести и состојби, како што се срцевите болести, ракот, дијабетесот тип 2 и воспалителните болести.
Она што го предизвикува опојниот ефект кај хероинот е тоа што неговите молекули го наоѓаат своето место во бета-ендорфинските рецептори. Шеќерот создава слични ефекти, предизвикувајќи телото да произведува повеќе бета-ендорфин. Овој невротрансмитер нѐ ослободува од чувството на безнадежност, депресијата, изолираноста и слабата самопочит додека сме под дејство на ваков вид супстанци („кревање“), а ефектот на „спуштање“ предизвикува повторно копнеење по шеќер.
Истражувањата потврдуваат дека консумацијата на шеќер доведува до невролошко-хемиски промени во мозокот, кои се слични на оние што се случуваат при консумирањето дрога.
Студиите на д-р Роберт Луис, ендокринолог од Калифорнија, потврдуваат дека консумирањето шеќер доведува до неврохемиски промени на допаминот во мозокот. Всушност,се емитираат реакциите како при консумирање хероин и кокаин. Овие допамински удари предизвикуваат промени во однесувањето, зависност од шеќерот, како и намалување на активноста на рецепторите кои предизвикуваат ситост. Така се предизвикува постојана потреба од шеќер.
Бидејќи е шеќерот насекаде околу нас, прашањето на научниците е кој има интерес да создава зависност од шеќери?
Употребата на рафинираниот шеќер стана дел од човештвото во последните стотина години. Порано се живеело без него, се внесувал само преку овошјето и други растенија. Компаниите што произведуваат слатки работи имаат огромна поддршка од владите на многу земји во светот. Зошто служи шеќерот, се прашуваат научниците?
Ако барате заеднички именител за ракот, дијабетесот, срцевите заболувања, замастениот црн дроб, високиот крвен притисок, остеопорозата, проблеми со забите, ослабен имунитет, намалените когнитивни функции, промените во однесувањето и многу други состојби и заболувања, тоа е белото зло – шеќерот.
Затоа, научниците препорачуваат да размислиме за своите животни навики, да најдеме начин за внесување природен шеќер, на пример стевија.
Кога ќе ве фати паника за слатко земете овошје, свежо или суво, бидејќи има повеќе шеќер, но е здраво и природно, а покрај него ќе внесете и многу минерали и витамини.
Сѐ што јадеме произведено во индустријата за храна содржи непотребно количество шеќери.Предозирањето или континуираното користење на хероин може да биде фатално. Исто така, постојаната консумација на шеќер допринесува за појава на мно



