Двајца американски здравствени работници се излечени од оваа тешка болест со мистериозен серум, но за населението од Западна Африка и понатаму нема помош.Минатата недела во Либерија се префрлени епрувети кои се чувани на температура под нулата и кои се чуваат во строга тајност. Нивната улога била да се спасат американските мисионери кои се заразени од еболата, но изгледа тој лек „не постои“ за обичните луѓе од Африка.Имено, лекот го развила биотехнолошката компанија Mapp Biopharmaceutical Inc, а на пациентите им е кажано дека овој лек никогаш претходно не бил испробан на луѓе, но дека затоа покажал ветувачки резултати во експериментирањата над мајмуните.
Судејќи според документите од компанијата, четири мајмуни кои биле инфицирани со ебола успеале да преживеат по применувањето на терапијата кој им беше пружена 24 часа по заразата. Два од четири мајмуни кај кои терапијата почнала во првите 48 часа по инфекцијата, исто така преживеале. Еден мајмун кој не го примил лекот, починал пет дена по изложеноста на ебола.
Лекот е добиен така што глувците биле изложени на фрагменти од вирусот на еболата, а потоа од нив се земени антителата кои биле развиени во нивните организми со цел да се создаде лек кој функционира така што го спречува вирусот да влезе и да зарази нови клетки.
Епруветите од овој лек стигнале во болницата во Либерија, во која биле сместени американските мисионери, а на докторите им било дозволено да ги искористат.
Епруветите стигнале во замрзната состојба, а едната од нив по загревањето веднаш му била дадена na Кент Брентли.
По нешто повеќе од еден час, неговата состојба значително се подобрила. Еден од неговите доктори ова го опишал како „чудо“. Американскиот мисионер веќе наредниот ден станал на нозе и отишол да се истушира пред своето поаѓање за САД. Меѓутоа, лекот за неговата колешка Ненси Рајтбол не бил до толку ефикасен, но состојбата сепак и се подобрила.
Инаку, лекот со името ZMapp не е одобрен за употреба и се уште не влезе во фазата за клинички тестирања.Имено, лекот го развила биотехнолошката компанија Mapp Biopharmaceutical Inc, а на пациентите им е кажано дека овој лек никогаш претходно не бил ис



