Сурутката е корисна поради својата хранливост, но и регулацијата на варењето. Таа содржи 16 квалитетни протеини, глобулим, албумин и имуноглобин, осум минерали, седум витамини, 23 аминокиселини, 11 ензими и многу други квалитети. Таа е одлична за здравјето и развојот бидејќи помага при обновувањето на клетките.Познатата напивка која ја користеле нашите баби, денеска за многумна е непозната намирница. Тешко е да се пронајде во супермаркетите, но ако познавате некого кој што подготвува домашно сирење не двоумете се да ја набавите.
Освен што ја поттикнува работата на бубрезите, црниот дроб и жолчката, таа го забрзува чистењето на организмот и ги отфрла насобраните отрови. Исто така, сурутката стигнува до сите органи и надокнадува различни дефицити. Поради ниската РН вредност, преносот до органите е релативно брз. Ако редовно ја консумирате, таа ќе помогне при активирањето на бројни телесни функции, а истовремено помага и при топење на вишокот наталожени масти.
Во почетокот, сурутката треба умерено да се користи бидејќи има диуретички својства. Како таква, таа може да се пие три пати дневно по 1,5 децилитри. Доколку во наредните денови не се појават незгодни последици, може да се пие и по еден литар сурутка дневно.
Некои луѓе ја пијат само за да ја згаснат жедта, но многумина ја користат за лекување на кандида, при отежнато варење, проблеми со притисокот, холестеролот, разните болести на цревата, па дури и за време на хемотерапија и зрачење за да се ублажат непријатностите. Во исхраната на новороденчињата, сурутката може да го надокнади и мајчиното млеко.Познатата напивка која ја користеле нашите баби, денеска за многумна е непозната намирница. Тешко е да се пронајде во супермаркетите, но ако познав



