Сутлијаш со јаболка

Ви се најавија гости? Размислувате со што да ги послужите? Подгответе им сутлијаш со јаболка.Состојки: (за 4 особи) 1 литро млеко, 150 грама ориз, кеса ванилин шеќер, прстофат сол, изрендана кора од лимон, 750 грама кисели јаболка, 75 мл сок од лимон, 3 лажици шеќер, 3 лажици суво грозје, малку цимет, 4 лажици бадеми, лушпа од јаболко за декорација.

Подготовка: Сварете го млекото, ставете го оризот, па додадете ванилин шеќер и корка од лимон. Гответе на тивок оган 40-45 минути со повремено промешување. Излупете ги јаболката, пресечете ги на половина и исчистете ги. Во сад ставете лажица сок од лимон и една лажица вода. Продинстајте 4 парчиња 3 минути, а потоа извадете ги и оставете да се исцедат. Останатиот лимонов сок со 3 лажици шеќер ставете го во садот и издинстајте ги исецканите јаболјка 10-15 минути. Додадете го сувото грозје во садот. Додадете цимет, пропржете ги бадемите додека добијат златно-кафена боја. Сутлијашот засладете го со шеќер. Порцијата украсете ја со бадемите и лушпата од јаболкото. (Времето за подготовка е еден час).Состојки: (за 4 особи) 1 литро млеко, 150 грама ориз, кеса ванилин шеќер, прстофат сол, изрендана кора од лимон, 750 грама кисели

Пронајдете не на следниве мрежи: