Сузана Гавазова потврди: Бремена сум!

Познатата фолкерка Сузана Гавазова ги потвдри приказните кои кружат во градот дека очекува принова.По само неколку месеци врска Сузана Гавазова и Јасмин од Шведска одлучија да го прошират семејството.
-Вистина е дека сум бремена неколку недели затоа и не би сакала да зборувам за тоа. Знаете дека до три месеци бременоста се крие, но што е тука е, призна Гавазова, која додаде дека свадба ќе има откако ќе се врати Јасмин, кој во моментов е во Шведска.
„Свадба ќе има, ако не успееме да ја направиме во ноември, тогаш ќе ја направиме следната година заедно со крштевката на детето ха, ха, ха. Има време за сериозни планови. Јас моментално сум во Македонија, а Јасмин замина за Шведска, така што кога ќе се врати, ќе го испланираме точниот датум за свадбата”, вели Гавазова.
Фолкерката открива дека планира да и се посвети на бременоста и здравиот живот, а штом се ќе почне да се одвива во нормален тек, вети дека ќе ја информира јавноста за сите идни случувања и планови.
република.мкПо само неколку месеци врска Сузана Гавазова и Јасмин од Шведска одлучија да го прошират семејството.

Пронајдете не на следниве мрежи: