Свадба на која гостите ронеа солзи, но од ТАГА!

Лорејн Марш (53) и Шејн Грин (54) се запознале пред една година и планирале венчавка следното лето. Но, откако Лорејн дознала дека има неизлечив рак и уште само неколку недели живот, ги забрзале подготовките и се венчале само една недела по страшното откритие.Лорејн и Шејн имаат 7 деца и 3 внуци од претходните бракови. Моментот кога се заколнале на вечна љубов бил убав, но болен за сите присутни кои знаеле дека Лорејн има само неколку седмици на живот. Таа отишла на лекар да провери зошто има болки, без да очекува страшни вести, но ги добила најстрашните рак на панкреасот кој се проширил на црниот дроб и не може да се лекува.
Стравувајќи дека нема да има време да се омажи со човекот што го сакала, таа решила да не чека. Нејзините пријатели и роднини успеале да соберат 2 300 фунти за свадбата која со разбирање на сите била закажана во Нотингем за само една недела.

-Лекарите рекоа дека имам само уште неколку недели, но сето ова ме одржа да не паднам – вели храбрата жена.
Лорејн и Шејн се знаеле како деца, но потоа секој отишол на своја страна. Животот повторно ги споил кога таа се разделила од сопругот, а неговата сопруга починала.
Лорејн била доведена пред олтарот од нејзиниот 72 годишен татко Кенет, кој ја тешел својата ќерка која плачела. Плачеле и сите во салата…Лорејн и Шејн имаат 7 деца и 3 внуци од претходните бракови. Моментот кога се заколнале на вечна љубов бил убав, но болен за сите присутни кои знае

Пронајдете не на следниве мрежи: