Во Швајцарија се појави проблем – има премногу пари, пренесува агенцијата Патрија. Даночните власти во кантонот Зуг ги укинаа повластувањата за рано плаќање на данок и ги замолија граѓаните што е можно подолго да го одложуваат плаќањето на даночните обврски.Каматните стапки во швајцарските банки се негативни, што значи дека клиентите мораат да им плаќаат на банките да им се чуваат парите, па кантонот Зуг не сака да акумулира готовина за да избегне плаќање на камати.
Според проценките на Фајненшл Тајмс, Зуг на тој начин ќе заштедат околу 2.5 милиони швајцарски франци годишно.
„Со оглед на тоа што сѐ уште има ниски каматни стапки, односно дека мора да се плаќа негативна камата, Кантонот нема причина да ги поттикнува даночните обврзници итно да го плаќаат данокот. Токму спротивното, во наш интерес е обврзниците да плаќаат данок што е можно подоцна – за да имаат помали трошоци од каматите“ – се наведува во соопштението на кантонот Зуг.
Швајцарската централна банка кон крајот на 2014 година воведе негативна каматна стапка за да ја намали побарувачката за сопствената валута, бидејќи експертите проценија дека пресилниот курс ѝ штети на економијата.Каматните стапки во швајцарските банки се негативни, што значи дека клиентите мораат да им плаќаат на банките да им се чуваат парите, па кантонот З