Швајцарски „Блик“: Путин доби син!

Швајцарскиот таблоид „Блик“, тврди дека надводната љубовница на рускиот претседател Владимир Путин, атлетичарката Алина Кабаева, му родила син.Цитирајќи ги сведоштвата на жителите на Лугано, таблоидот извести дека Путин (62) допатувал во Швајцарија за да биде со Алина (31), која се породувала во приватната клиника „Света Ана“, која се наоѓа во близина на Лугано.
Оваа клиника е специјализирана за гинекологија и многу е популарна меѓу богатите Руси, наведува британски „Телеграф“.
Кабаева дошла во клиниката кон почетокот на оваа недела. Меѓутоа, ова тврдење сѐ уште не е потврдено, а од Кремљ беше демантирано дека таа се породила.
Дмитриј Песков изјави за „Форбс“ дека информациите за новото дете на Путин не се реални.
Да потсетиме, Путин за последен пат беше виден во јавноста на 5-ти март, на средбата со италијанскиот премиер Матео Ренци. Оттогаш му се губи секоја трага.Цитирајќи ги сведоштвата на жителите на Лугано, таблоидот извести дека Путин (62) допатувал во Швајцарија за да биде со Алина (31), која се породув

Пронајдете не на следниве мрежи: