Швајцарски експерти за унапредување на енергетската ефикасност во Македонија

Директорот на Агенцијата за енергетика на Република Македонија, г. Александар Дуковски и директорката на Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), г-ѓа Розанди Лоу, потпишаа меморандум за соработка за ефикасна, континуирана и координирана соработка помеѓу ИМЕ програмата и Агенцијата за енергетика во областа на енергетската ефикасност. Меморандумот се однесува на координација на активностите за развој на модел за нудење на енергетски услуги во Македонија и потребните законски измени за операционализација на тој модел.Соработката меѓу ИМЕ програмата и Агенцијата за енергетика вклучува стручна помош за изработка на анализа за енергетски услуги во јавниот сектор и потенцијалите за давателите на енергетски услуги, развој на модели за тендерски постапки за енергетските услуги, поддршка за промена на законодавството за имплементација на овие модели, како и промоција на добрите практики за тендерските постапки за енергетските услуги.Според директорот на Агенцијата за енергетика на Република Македонија, Александар Дуковски агенцијата се фокусира на зголемена соработка со чинителите во енергетскиот сектор, како во Република Македонија така и надвор од неа.
Во прилог е целосното соопштение со пропратни изјави и фотогалерија од потпишувањето на меморандумот за соработка.
Ви благодарам за споделувањето на информацијата во Вашиот медиум.Меморандумот се однесува на координација на активностите за развој на модел за нудење на енергетски услуги во Македонија и потребните законски изме

Пронајдете не на следниве мрежи: