Свечен дочек за македонската параолимпијка Оливера Наковска Бикова ќе биде приреден во сабота на аеродромот “Александар Велики“ во Скопје.
Ваквата чест, Наковска Бикова ја заслужи со освојувањето на златен медал на Параолимписките игри во Лондон во дисциплината стрелање со воздушен пиштол од 10 метри, при што го собори и светскиот рекорд. Свечениот дочек го организираа Агенцијата за млади и спорт заедно со компанијата Тав аеродром, а присуство на настанот најавија министерската за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски. Агенцијата за спорт и млади на Наковска Бикова и' додели доживотна спортска пензија и носител на Националното спортско признание.
Макфакс