На 1 април 2016 година со почеток од 20:00 часот во Македонски народен театар (МНТ), Државниот архив организира Свечена академија по повод 65-годишнината од формирањето на Архивот. Почесен покровител на настанот ќе биде претседателот на државата Н.Е. д-р Ѓорге Иванов.Заедно со претставници од Влада на РМ, дипломатскиот кор, претставници од меѓународните архиви, вработените како и со јавноста, ќе се одбележи 65-годишниот јубилеј од основањето на Државниот архив на Република Македонија.
Присутните ќе се потсетат на развојот и дејствувањето на една од најзначајните македонски државни и национални институции.
На присутните ќе им се обратат претседателот на државата Н.Е. д-р Ѓорге Иванов и директорор на Државниот архив д-р Филип Петровски.
По повод јубилејот ќе се промовира монографијата „Државен архив на Република Македонија (1951-2016)“, ќе биде поставена изложба и ќе бидат претставени другите најнови активности на Архивот.
Истиот ден со почеток во 10:00 часот во Порта Македонија, во склоп на јубилејниот настан ќе се одржи и Основачкото собрание на Професионалното архивско здружение на Југоисточна Европа.Заедно со претставници од Влада на РМ, дипломатскиот кор, претставници од меѓународните архиви, вработените како и со јавноста, ќе се одбележи 65-г