Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија организираше свечена академија по повод приемот во Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC) и Европската конфедерација на синдикати (ETUC).КСС доби полноправно членство во Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC), со одлука донесена на Генералниот Совет, кој се одржа од 29 ноември до 1 декември во Виена и стана дел од меѓународните синдикати во кој членуваат повеќе од 181 милион работници во 162 земји со повеќе од 340 национални синдикати.
“КСС оствари двоен успех со прием и во Европската конфедерација на синдикати (ETUC) на Извршниот комитет кој се одржа на 14 и 15 декември во Брисел со добивање на статус на полноправен член кој ќе учествува во нејзините органи и тела во креирањето и спроведувањето на економско – социјалните европски политики. “ – истакна Претседателот на КСС г. Благоја Ралповски.
На свечената академија, КСС му додели прва плакета на Почесниот Претседател Дојчин Цветановски за синдикално творештво, синдикално водство и животно дело за идеологија и реализација во синдикалните движења во Република Македонија и регионот.
Почесниот Претседател Дојчин Цветановски имаше свое обраќање на свеченоста на тема: ,,Синдикални предизвици во Република Македонија во последните две и пол децении, со посебен осврт на формирањето и активностите на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија” .
Цветановски му се заблагодари на членството на КСС и истакна: “Приемот на КСС во Меѓународната конфедерација на синдикати и Европската конфедерација на синдикати значи големо признание, а воедно и обврска за понатамошни активности за реализација на зацртаните цели во социјалната сфера. “
Приемот на КСС во Светската конфедерација на синдикатите има големо значење од повеќе аспекти. Секако дека тоа претставува знак за објективно признание дека КСС ги исполнила критериумите за да стане членка на оваа исклучително важна светска организација, но исто така значи и дека со нејзиното членство добива во зголемување на нејзината реална моќ и позиција пред сѐ во сопствената земја, се разбира, во рамките на законите што ги регулираат синдикалните позиции, а уште повеќе е и исклучително јасен сигнал и порака до работниците во нашата држава. За тие кои се членови во некои од гранските синдикати на КСС дека нивната сигурност, со самото тоа е битно зајакната, а за оние работници кои сѐ уште не се синдикално организирани, треба да биде причина повеќе за што поскоро да станат дел од синдикално организираните работници, истакна Почесниот Претседател на КСС, г.Дојчин Цветаноски.
Со приемот во КСС како полноправен член во Меѓународната и Европската конфедерција на синдикати се докажува и се потврдува делувањето и активната улога на КСС на национално, регионално, европско и светско ниво.
Настанот е поддржан од проектот Унапредување на социјалниот дијалог, кој го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот, како дел од промотивната кампања за синдикатите.КСС доби полноправно членство во Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC), со одлука донесена на Генералниот Совет, кој се одржа о