На 14. и 15. ноември се одржа 4. Меѓународен фестивал за лица со и без хендикеп организиран од здружението на граѓани за промоција и развој на регионите „Свет на различни а еднакви“ од Скопје. Истиот беше поддржан од Министерството за култура на Република Македонија, Амбасадата на Република Бугарија во Република Македонија, Општина Гази Баба, Општина Струмица и Хотел Арка.Ова е единствен фестивал од ваков вид на Балканот и е три дневен настан проследен со другарување и размена на искуства. Овој настан има за цел да ја зголеми инклузијата на лицата со хендикеп со други лица во културните активности. Организаторите и поддржувачите сакаат лицата со хендикеп да ја имаат можноста полесно и активно да се вклучат во општеството и заедницата.
На 14. и 15. ноември, во Драмски театар Скопје аматерски актерски групи од Македонија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Хрватска и други учествуваа на фестивалот. Денес, во 11.00 часот започна ревијалниот дел во Македонски народен театар кој беше предводен од Ирена Спировска и Татјана Стојановска каде на најдобрите им беа доделени свечени награди. Гран при наградата ја добија актерите од Заводот за заштита и рехабилитација „Бања Банско“ од Струмица, Македонија. Првата награда ја добија учениците од ПОУ „св. Климент Охридски“, Македонија, втората награда беше доделена на учесниците од Центарот за лица со посебни потреби од Тузла, Босна и Херцеговина, и третата награда ја земаа децата од Стари Град од Белград, Србија. Наградата за главна машка улога ја освои Мирзет Калтак и наградата за женска улога ја освои Андријана Филиповиќ.
Со секоја трошка на креативно изразување се отвораат портите на професионален развој и социјална инклузија на лицата со хендикеп. Овој фестивал го негува нивниот потенцијал и работи кон унапредување на нивниот квалитет на живот.
За сите кои ја сакаат магијата на театарот и кои го подржаа овој фестивал помогнаа во создавањето на повик за соживот и еднакви права и ја направија различноста на сцената нешто посебно кое треба да се негува.
На настанот присуствуваа претставници од Влада на Република Македонија, од Собрание на Република Македонија, амбасадори и градоначалници на одредени општини.Ова е единствен фестивал од ваков вид на Балканот и е три дневен настан проследен со другарување и размена на искуства. Овој настан има з