Преживеаните кои беа сведоци на крвавиот терористички напад на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул , во кој загинаа најмалку 36 лица, а преку 150 се ранети, рекле дека на сите страни виделе трупови на убиените луѓе.„Го чекав својот лет за Токио, кога наеднаш луѓе започнаа да бегаат, јас само ги следев. Слушнав пукотници“, рекла за AFP, Јапонката Јуми Кои.
Патничката за Офтах Мухамед Абдулах за истата агенција изјавила дека видела еден од напаѓачите: „Имаже розева марама, јакна под која го носеше оружјето, излезе и започна да пука во луѓето“.
Пред да се случат експлозиите на аеродромот „Ататурк“, еден од напаѓачите започнал да пука додека се движел кон терминалот, изјавил за Reuters, еден од луѓето кои биле на аеродромот.
„Пукаше на сѐ пред себе. Беше облечен во црно. Лицето му беше маскирано. Бев на 50 метри од него. Гледаше нервозно околу себе чекајќи да види дали некој ќе се обиде да го запре, а потоа со лифтот се спушти долу. Слушнавме пукотници, а потоа експлозија и тогаш се беше готово“, рекол 77-годишниот Јужноафриканец Пол Рос.
Се слушна пукање, пукаше како да удираат громови, а потоа насекаде имаше само оган. Ветробранското стакло на мојот авотмобил излета, а автомобилот кој стоеше пред мене е целосно уништен“, рекол таксистот Фатих.
Телевизиските куќи во своите извештаи често ја споменуваа и болницата Бакирој, која се наоѓа во близина на аеродромот, каде имаше многу луѓе кои бараа информации за блиските.
Болницата во текот на ноќта ја посети и турскиот премиер Јилдирим. Тој ги посетил ранетите, а на роднините на загинатите им изразил сочуство.
Инаку, турскиот премиер неколку часа пред нападот пристигнал на аеродромот „Ататурк“ од Анкара.
Погледнете го видеото што регистрираше еден од нападите:„Го чекав својот лет за Токио, кога наеднаш луѓе започнаа да бегаат, јас само ги следев. Слушнав пукотници“, рекла за AFP, Јапонката Ју