Сведок на страшна трагедија: Слушнав вресоци на девојки, беше страшно!

-Ова не е вистина! Драгана сега ќе се појави. Сега се ќе ни објасни со насмевка-  повторувал таткото на младата девојка Драгана(19) која заедно со својата братучедка Маријана Враниќ( 23) погинала вчера околу 3 часот во судар во Крагуевац.
Тие две со автомобил марка „Ауди“ се враќале од прославата на 23-тиот роденден на Маријана. Во автомобилот освен Драгана  биле и нивните роднини Тијана , Невена и Јована( која е во тешка состојба).
Тешката сообраќајка ја предизвикал Ивица К. (30) кој возилото кое го управувал ненадејно го свртел на лева страна , па јако удрил во нивниот автомобил. Аудито потоа се удрило во заштитаната ограда, па продолжило да се врти и завршило во метален столб.
-Ме разбуди страшната бука, кога погледнав низ прозорецот го видов автомобилот. Слушнав стравични викотници на девојките кои бараа  помош. Веднаш повикав брза помош и полиција. Брзата помош набрзо пристигна. Беше страшно. Сите луѓе се обидуваа да помогнат, но, за жал на една од девојките веќе не можеше да и се помогне, почината беше- раскажува Зоран Петровиќ, сведок на настанот.

Таткото на Драгана, занемен од тага, вели дека на другата повредена девојка Тијана(која е сестра на Драгана) се уште не и кажале дека сестрата и починала.
Ивица К.  е приведен поради тешко кривично дело. 

Пронајдете не на следниве мрежи: