Југословенската народна армија (ЈHА), како сојузна армија во составот на СФРЈ, со распадот на државата, постепено отпочна и таа да се распаѓа. Распадот на СФРЈ започна со воени дејcтва, пред се, во СР Словенија и СР Хрватска. Единиците на ЈHА, оставајки дел од воените средства во СР Словенија и во СР Хрватска, се повлекоа од територијата на СРС и СРХ, иако истите прогласија cамоcтојноcт на независни суверени држави.Во БиХ живееја три вида на народи: Срби, Хрвати и Босанци. Од тој аспект ЈНА се обиде да го спречи одвојyвањето на БиХ, но во тоа не успеа – се случи граѓанска војна со тешки последици, поради што меѓyнародната заедница испрати воени cили за спречување на конфликотот.
Република Македонија својата самостојност ја стекна без војна – по мирен пат, со референдум на 8. 9. 1991 г. во кој 95% од народот се изјасни за самостојна држава. Во текот на 1990 година беа организирани парламентарни избори со повеќепартиски систем и следеше формирање на сопствени самостојни институции: парламент, влада со свои министерства и тн.
Во м. декември 1991 г. РМ и Сојузниот секретеријат за народна одбрана на поранешна СФРЈ започнаа преговори за формирање на Армија на Република Македонија (АРМ) по мирен пат. По разговорите беше постигнат договор ЈНА – во февруари и март 1992 г., конечно да се повлече од РМ. По повлекувањето на ЈHА, РМ, како последна република од поранешните републики на СФРЈ во остварувањето на својата самостојност, ја формира Армијата на Република Македонија како заедничка армија на сите народи и народности кои живееја во РМ. ЈHА- по постигнатиот договор помеѓy тогашната влада и ССНО, со повлекувањето по мирен пат, ги повлече сите воени средства и опрема, освен личното вооружување што и припаѓаше на граничните единици кои ја обезбедуваа границата према Р. Албанија, Р. Грција и Р. Бугарија.
АРМ – своето формирање го отпочна со старешински кадар кој тогаш беше во ЈНА, без опрема и вооружување. Користејки го искуството на тогашните старешини, кои беа во составот на ЈHА, ентузијазмот на Македонците – старешини, набрзо се отпочна со формирањето на АРМ и веќе на 1. 4. 1992 г. беа повикани првите регрути за служење на воениот рок во АРМ. ЈHА тогаш, до 1991 г., на територијата на РМ ја имаше распоредено командата на 3-та Армиска област (под надлежност на 3-АО беа: териториите на РМ, Косово, СР Црна Гора и Јужна Србија), а од единици (здружени оперативни единици), го имаше Битолскиот корпус за Западна Македонија и Кyмановскиот корпус во Источна Македонија и гр. Врање од Јужна Србија. Покрај овие оперативни единици во РМ беа распоредени дел од военото воздухопловство и против воздушна одбрана, ракетни единици за против воздушна одбрана, повеќе самостојни бригади итн, односно 20-25 000 стален состав на војници и старешини.
Иако ЈHА ја однесе целокупната опрема и вооружување, но не и човечки фактор, тогаш во РМ имаше активен и резервен состав- војници и старешини околу 120 000 способни и обучени во ЈHА- човечкиот фактор кој не претставуваше проблем за формирање на сопствена армија. Затоа, веднаш се отпочна со формирањето на АРМ бидејки во РМ имаше оспособен офицерски и подофицерски кадар од сите родови и видови (пешадија, артилерија, оклопни единици, инженерија, пилоти, морнари итн.).
Офицерскиот и подофицерскиот кадар беа основа за формирањето на АРМ, поради што беше брзо формирана. Покрај тоа, во РМ имаше изградено воени објекти во сите градови со добра инфраструктура за совршена и квалитетна обука. Набрзо во АРМ беа формирани 3 корпуси: Битолски корпус, Скопскиот корпус и Кумановскиот корпус. Во составот на АРМ беше вклучена и територијалната одбрана.
Во периодот од 9 години, односно до почетокот на воената криза, АРМ имаше 3 реорганизации со цел да се формира мала, мобилна и современа армија, која, пред се, ќе преставува фактор за одвраќање од евентуална агресија и, истоврмено, со својата борбена готовност, да обезбеди извршување на задачите, одредени со Уставот и Законот за одбрана на РМ.
Во 1998 г. бев назначен да ја организирам и да ја водам реорганизацијата на АРМ, пред се да формираме компактибилна армија, спрема армијата на земјите членки на НАТО и во рок од 5 години, така реорганизираната армија, да може да биде кандидат за членка во НАТО.
Планот за реорганизацијата на АРМ, односно формацискиот состав, тогаш го потпиша преседателот Киро Глигоров, како врховен командант бидејки тоа му беше уставна надлежност. Според тој план беше планирано АРМ да има во својот состав: 14 000 активен состав војници и старешини од кои 50% професионални војници и 50% регрутен состав, а во резервниот состав да има околу 40 000 војници и старешини – односно во воена состојба во АРМ бројноста би била околу 55 000 – (воена армија) што одговара на светските стандарди во однос на бројот на жителите и економската моќ на државата (2% во однос на бројот на жителите). Пред оваа реорганизација АРМ, заедно со резервниот и активниот состав, имаше околу 120 000 старешински и војнички кадар.
Како помош во реорганизацијата на АРМ тогашната Влада на РМ потпиша договор со САД, односно со еден тим пензионирани старешини од САД, МПРИ,-со т.н. инструктори – тим на воени ветерани. Помошта беше во изработка на планот за стабилизација и одвраќање, и бидејќи РМ постана како членка во системот за партнерство за мир – која РМ веќе тогаш беше членка на партнерството за мир.
Таа група инструктори предложи свој план за реорганизација на АРМ – кој од генералштабот и МО не беше прифатен. Во предлогот беше РМ да има армија со една бригада- т.н. лесна пешадиска бригада со два лесни баталјони и дел од специјалните единици. (да нема артилерија, оклопни единици, воздухопловство итн.).
Во тоа време (1998) РМ од воена опрема и вооружување имаше: 94 тенка т-55, 36 хаубици 105 мм, преку 100 хаубици 122 мм, минофрлачи 120-60 мм преку l00 оклопни транспортери преку 300 итн.
На 26.12.1999 г. по изборот на новиот претседател на РМ – Борис Tрајковски, министерот за одбрана акад. Н. Кљусев организираше реферирање поради запознавање на врховниот командант со состојбата во тогашна АРМ и Планот за реорганизација за наредните 5 години.
За моментната состојба во АРМ реферат поднесе тогашниот началник на генералштабот генерал Трајче Крстевски, а јас поднесов реферат каква треба да биде АРМ после 5 години, односно после реорганизацијата.
Во тој реферат, покрај другото, нагласив: “Во реорганизацијата на АРМ имаме несогласувања со тимот МПРИ, но тоа е надминато бидејки овој план во два наврати во Брисел е целосно прифатен од сите земји членки на НАТО со небитни забелешки”.
Набрзо после тоа, односно во јанyари 2000 година, беа пензионирани околу 500 старешини меѓу кои и сите генерали т.н. “кочничари” на реформите.
Секако после тоа, односно после заминување на дел од нив во пензија, беше прифатен планот на тимот МПРИ – и 2000 г. отпочна реорганизацијата на АРМ под нивна контрола. Р. Словенија не го прифати тимот МПРИ, а Хрватска ги протера после извесно време, додека ние од Македонија ги протеравме дури во мај 2001 година.
На почетокот од 2001 година, пред кризата, АРМ беше во завршна фаза на преформирање, односно “расформирање” (3.АК, расформиран, 2.АК- битолски во фаза на расформирање, тенковските и артилериските единици расформирани, воздухопловството расформирано), граничната бригада во фаза на формирање и на секоја караула имаше по 10-12 војници итн.
Но 2000 година како прво: беше промовирана новоформирана единица, а таа беше лесната пешадиска бригада со два баталјона која свечено ја претстави претседателот Борис Tрајковски и која во својот состав имаше еден професионален баталјон и еден баталјон со регрyти.
Предлогот од тимот МПРИ, испратен со писмо преку тогашниот амбасадор на НАТО во РМ, а потпишано од XЈ. Хаен, покрај другото го содржеше следново:
Цитат: “Зборувајки за структyрата на АРМ, односно каква армија треба да има РМ во иднина се вели: “Најтешкото прашање се однесyва на потребните хеликоптери. Сегашниот буџет не може да издржи сила која што ќе биде компактибилна со НАТО и тоа со пилоти, обучени по стандардите на НАТО, ова треба да остане инспирација за во иднина…”;
5. “наведената македонска политика е одбранбена, кое во современата воена наука значи дека силата повеќе е противтенковска, а не тенковска. Исто така, ограничувањето во буџетите и човечките ресyрси диктираат дека нема потреба од тенкови во силите, посебно ако не се доволно добри и ако нивното одржување е скапо. Треба да се направи правилна проценка на заканите и стратегиската одбранбена анализа која што ќе се фокусира на период до 2005 г. и натаму.
Во моментот, сите во НАТО, и тука, и во Брисел, имаа потешкотии со потребите АРМ да има тенковски баталјони за двата корпуси. Единствено сценарио за кое што би била таквата опрема е или за парада или за внатрешни репресивни операции”.
“…Ќе има потреба од радикална редукција на персоналот, и колку што можев да оценам од неодамнешните публикации исто така тоа е цел на министерството за одбрана. Сепак заради правата за пензија сегашните старешини можат да ги одолговлечат реформите. Заради тоа потребно беше да се направи аражман за предвремено одење во пензија кое ќе биде финансиски прифатливо за оние што треба порано да заминат во пензија, а тоа би било добро и за севкупниот морал…”
9. “Постои временски прозорец на можности од 5-10 години додека трупите на НАТО се наоѓаат во регионот за реално преструктуирање које ќе биде интероперабилно со линијата на НАТО. Максимално искористување на овој период ќе резултира во армија со јасна цел, армија која ќе напредува во 21 век. Со тоа ќе зајакне стабилноста на Р. Македонија и на регионот”… завршен цитат.
Овие инструкции – насоки од МПРИ, преку канцеларијата на НАТО во РМ, во 2000 г. беа целосно спроведени, и војната во РМ во 2001 г. ја дочека АРМ како “Армија на 21-от век”.
Во 2001 на РМ и се случи војна, која дојде во искyшение да ја брани својата независност и територијалната целовитост. Зошто се случи таа војна во 2001 г. кога РМ, како самостоја и суверена држава функционираше 10 години и како таква беше меѓународно призната. И денес, 2006 г., граѓаните на РМ ја бараат вистината: “Зошто се случи војната во 2001?”- “Hикој не сака да ја каже таа вистина”.
Од политички аспект се случи “револуција” за промена на опшествено-политичкиот систем. Од аспект на употреба на безбедносните сили не им беше дозволено да ја спречат таа војна – односно се тактизираше “топло-ладно”, за да се стекне мислење дека РМ не може проблемот да го реши сама, со сопствените безбедносни сили. Затоа во оваа војна победија политичарите, а АРМ и народот беше понижен од своите тогаш актуелни “лидери” – “вожди”.
Секако дека историчарите ќе дадат конечна оценка за тој период, а посебно зошто тоа се случи и шом беше тоа што се случи во 2001!?
Јас покасно се вклучив во разрешувањето на тоа што и се случи на РМ. Откога бев вклучен во ГШ директно учествував во државниот врв во начинот на разрешување на кризата со воени средства. И тоа во фаза на одлучувањето, планирањето на воените операции како и во изведувањето на борбените операции. Со овој труд се обидов да го изнесат пред јавноста моето видување на настаните во 2001 година. Ова мое искажување пред се е поради почит кон храбрите бранители кои искренно застанаа во редовите на АРМ за да ја бранат сопствената татковина, а посебен почит кон погинатите борци кои за слободата на својата татковина ги дадоа своите животи.Во БиХ живееја три вида на народи: Срби, Хрвати и Босанци. Од тој аспект ЈНА се обиде да го спречи одвојyвањето на БиХ, но во тоа не успеа – се слу