Додека во Рим се нишаа лустерите на таваните, ништо не остана од гратчето Аматриче во близина на епицентарот, кое 6,2 рихтери на мала длабочина буквално го збришаа од мапата на Италија.Бројот на загинати достигна 73 лица и постојано расте, живи луѓе се закопани под урнатините. „Градот веќе го нема“, ја пренесува Радио Раи изјавата на градоначалникот на соседно Акумоли, Серџо Пероци. Во 3 часот и 36 минути луѓе панично скокнале од сон и истрчале на улиците. Жителите раскажуваат за претрпениот страв.
-Бев во куќа на врвот на ридот што се свлече. Преживеав, фала му на Бога, се надевам дека и другите се добро. Овде сум два-два ипол часа, само во долна облека. Не знам, чекаме да видиме што ќе се случи. Имам 65 години и никогаш не сум видел нешто вакво. Видов еден загинат, онаму. Не знам што е со другите. Не можам без облека, но барем ми дадоа чевли“, истакна еден од преживеаните.
Со епицентар во близина на умбрискиот град Норча, иако не погодил густо населени области, ги срамнил со земјата Акумоли, Аматриче, Поста и Арквата дел Тронто. Со разденувањето, жителите со мотики и лопати почнаа трка против времето во потрага по настраданите. Во Аматриче две тела се извлечени од урнатините, а четиричлено семејство е затрупано под урнатините и не дава знаци на живот.
-Имаше стан што го изнајмуваше едно семејство. Се урна. Во таа соба беа таткото, мајката и две деца – осуммесечно бебе и двегодишно дете. Се надеваме дека ќе ги извлечеме живи“, изјави Стефано Петручи, градоначалник на Акумоли.
Болницата е тешко оштетена, а пациентите се изнесени на улица. Уште двајца загинати има во гратчето Пескара дел Тронто. Папата Франциск, наместо да го одржи предвидениот говор во Ватикан, се помоли за настраданите.
-Не можам ни да ја искажам огромната болка за луѓето во погодените области и за сите што изгубија свои сакани и за тие што се уште го чувствуваат стравот и ужасот. Го слушнав градоначалникот на Аматриче како изјави дека градот веќе го нема, дека има и деца меѓу жртвите. Многу ми е жал“, рече Папата Франциско.
Во Норча, најблиску до епицентарот, нема загинати и антисеизмичките структури ги издржале ударите, но се очекуваат поголеми штети на историското градско јадро. Земјотресот на 76 километри од Перуџа и 170 од Рим, предизвикал паника и меѓу тамошните жители, а бил почувствуван и во Фиренца. Италија е една од сеизмички најактивните земји во Европа и лежи врз два раседа. Последниот голем земјотрес го погоди централниот град Лаквила во 2009 при што загинаа над 300 луѓе.Бројот на загинати достигна 73 лица и постојано расте, живи луѓе се закопани под урнатините. „Градот веќе го нема“, ја пренесува Радио