Десет дена на терен меѓу граѓаните. Ги жртвуваа сопствените животи за да спасат сограѓани. Припадниците на полицијата пожртвувано на терен се бореа со невремето минатата сабота, а од тогаш секој ден се справуваат со нејзините последици.Во документартецот на ТВ НОВА хероите од терен ги даваат своите сведоштва. Вистински приказ на тоа со каква катастрофа се соочи Македонија пред 10 дена. Водата носела се пред себе, но овие луѓе не мислеле на своите животи, туку единствена цел им била да спасат што повеќе луѓе од загрозените подрачја.
„Во тој момент знам дека евакуиравме неколку луѓе и една жена беше повредена во скочен зглоб, така што еден животоспасител имавме во тимот и пружи прва помош тогаш. Во тие услови мислам дека ние го дадовме максимумот, не верувам дека некој можел побрзо, зошто буквално ние по пат се облекувавме и се спремавме да бидеме, значи директно да влеземе во активности, кои што колку толку може да помогнат. Значи тука кога се работи за вода секунди се во прашање човек да го изгуби животот“.
На терен без колебање излегле сите. Прво дежурните тимови, а потоа и луѓето од дома кои таа ноќ не биле на должност. Заедно ја воделе битката за туѓи животи.
„Тие што беа на работа први беа излезени. Ние за не повеќе од 20 минути од настанот имавме веќе повеќе од 20 теренски и оклопни возила на подрачјето и тоа беше многу битно во првите минути да се реагира, посебно од аспект дека со друго возило не можеше да се пријде“.
Спасија таа ноќ многу животи, но на одредени места биле немоќни против катастрофалното невреме. Со тага се присетуваат на моментот кога човек ги молел да ги спасат сопругата и детето кои веќе станаа жртви на невремето.
“Дечкото од Крива Паланка што ги изгуби жената и детето тука не молеше да му ги побараме сопругата и детето дека му ги нема, зошто ни кажа дека првото дете го гледал, водата го имало качено на пластениците, а тој бил тука некаде за некоја канделабра фатен, детето од тука го видов како плаче и оди кон него и вика тато, тато… Двајцата се прегрнуваат и вика детето кон таткото: Кај е брат ми, тебе ти го оставив? И само човекот се сврти на страна, фати да плаче и ние знаевме дека веќе брат му го нема. Значи цел реон тука е претресен не можевме ни детето ни мајка му да ги најдеме“.
„Не размислувавме значи на никаков начин за себе, само гледавме по пријава на жителите од тараси да вадиме луѓе од возила, во Синѓелиќ откако ги извадивме лицата од возила, ни пријавија дека има лица на кров качено, едвај се пробивме да дојдеме до нив, на раце ги носевме, јас лично носев 150 метра да ги пренесеме од лице место кај што седат, до куќа кај што е по безбедно“.Во документартецот на ТВ НОВА хероите од терен ги даваат своите сведоштва. Вистински приказ на тоа со каква катастрофа се соочи Македонија пред 10
Пронајдете не на следниве мрежи: