Животот секогаш не носи во различни ситуации, но едно е сигурно дека никогаш не знаеме каде и во кое време ќе се најдеме и дали ќе добиеме уште една шанса за живот. Екипата на Струмица Денес имаше можост да разговара со A.T, момчето од Струмица кое беше единствениот повреден Македонец во терористичкиот напад кој пред неколку дена се случи во Барселона, Шпанија. Денес тој конечно се врати во својот дом во Струмица каде на нашата екипа и го раскажа потресното сведоштво од немилиот настан во Барселона каде загинаа 13 лица. Александар таму бил на одмор со својата девојка и пријатели и никогаш не насетувал дека може да биде дел од еден од поголемите крвави напади кои годинава и се случиле на Европа.„Беше тоа мирно попладне кога тој дел од градот беше преполн од туристи. Шетавме низ улицата која изгледаше сосема мирно и немаше апсолутно никаков знак дека за само неколку секунди ќе се случи нешто многу страшно. Наеднаш слушнав викање позади мене и веднаш се завртев да видам што се случува. Се се’ случуваше за само неколку секунди. Видов како бело комбе со огромна брзина се движи кон нас.Во тој момент единствено што можев да направам е да се тргнам колку може подалеку од местото каде комбето газеше се’ пред себе. Паднав на земјата и браникот на комбето удри во моите гради. После тоа чувствував како стампедо од луѓе поминуваа преку мене. Кога ги отворив очите видов неколку мртви тела околу мене и дури тогаш успеав да се соземам и по некоја логика да заклучам дека станува збор за терористички напад. По некоја логика велам бидејќи последните такви напади во Европа се случија на истиот начин. Успеав некако да отидам до најблискиот објект кој беше музеј каде луѓето ми помогнаа а веднаш потоа дојдоа и полициските екипи. Бев пренесен во болница, беше известена македонската амбасада и веќе бев на безбедно. “
Александар вели дека додека бил во болницата го посетиле многу лица од шпанската влада и кардинали, а постојано со него биле лица од македонската амбасада во Мадрид, неговата девојка и пријатели од Европа и премиерот и претседателот на државата за што бескрајно е благодарен на укажаната помош и грижа.
„Со помош на надлежните бев префрлен во болница во Скопје. Ногата која ми е скршена на неколку места ми беше оперирана во Барселона и сега сум во добра здравствена состојба и се опоравувам – вели Александар“.
Психичката траума кај Александар сеуште постои, но тој е благодарен што имал среќа иако одморот му се претворил во кошмар.
Инаку, терористичкиот напад се случи на 17 август 2017 со комбе кое влетало во толпа луѓе на улицата Лас Рамблас во Барселона, Шпанија. Нападот резултирал со 13 жртви и стотици повредени.
Полицијата соопшти дека се уапсени двајца мажи кои биле поврзани со нападот, додека уште еден маж бил убиен во престрелка со полицијата.
ИСИС ја презеде одговорноста за нападот преку нивната новинска агенција.„Беше тоа мирно попладне кога тој дел од градот беше преполн од туристи. Шетавме низ улицата која изгледаше сосема мирно и немаше апсолутно н