Го сечевме автомобилот за да го извадиме тешко повредениот возач кој беше заглавен во него. Истураше дожд. Веднаш блиску до нас ја забележавме плинската боца која претставуваше потенцијална бомба на чекор до нас. Ова е сведочењето на пожарникарите што пред два дена интервенираа при извлекување на приклештеното лице во автомобилот за време на сообраќајната несреќа што се случи на магистралниот пат Градско-Прилеп кај Росоман, пишува Дневник.Според полициските информации, три лица биле повредени при судирот на патничко возило и автобус.
Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес, за Дневник изјави дека сообраќајната несреќа се случила во 21.15 часот на магистралниот пат Градско-Прилеп во близина на Росоман.
– Во сообраќајната несреќа учествувале автобус со прилепски регистарски ознаки управуван од 55-годишен жител на Прилеп и патнички автомобил марка „рено“ со прилепски регистарски ознаки управуван од 54-годишен жител на Градско – соопшти Стојковска.
Во несреќата повреди добиле возачот на патничкиот автомобил кој бил пренесен во Kлиничкиот центар во Скопје, како и двајца неговите сопатници на возраст од 32 и 15 години, на кои им била укажана лекарска помош во ЈЗУ Општа болница Kавадарци.
Според пожарникарите што дошле на повик да интервенираат бидејќи еден од патниците бил заглавен, проблем при сечењето на лимот од автомобилот било тоа што лесно можело да дојде до запалување на плинската боца, стои во текстот.Според полициските информации, три лица биле повредени при судирот на патничко возило и автобус.
Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес,