Во рамки на програмата на годинешното издание на фестивалот „Охридско лето“, утре вечер, 2-ри август, со почеток во 20.30 часот, во катедралната црква Св. Софија, ќе се одржи концерт на шведска кралска музика изведена од дуото сопрани Биљана Стафансон и Љиљана Јовановиќ и македонската пијанистка Марија Вршкова. Концертот „Музика на шведското кралско семејство Бернадот” е во соработка со Шведската амбасада во Република Македонија и е поддржан од компанијата Сивус. Шведската кралска традиција и музичка историја од 19-тиот и почетокот на 20-иот век ќе бидат насликани преку програмата со дела компонирани од членовите на шведската кралска династија Бернадот која е на шведскиот трон од 1818 год. Членовите на кралските фамилии често во историјата и самите биле талентирани музичари, култивирајќи ги своите музички способности како дел од едно сеопфатно образование. Музиката компонирана од принцезата Еугенија на Шведска и Норвешка (1830-1889 год.), кралот Оскар I (1799-1859 год.), кралицата Јозефина на Шведска и Норвешка (1807-1876 год.), како и принцот Густаф, војвода од Упланд (1827-1852 год.) нуди еден времеплов во културата на нивното време. Контактот на шведската бернадотска кралска традиција со Охрид трае уште од 1978 год., со посетата на кралот на Шведска Карл XVI Густаф, седмиот по ред монрах од Бернадотската династија и кралицата Силвија, како и нивното гостување во домот и работилницата на семејството Филеви каде се запознаваат со традицијата на изработка на охридскиот бисер.Во рамки на програмата на годинешното издание на фестивалот „Охридско лето“, утре вечер, 2-ри август, со почеток во 20.30 часот, во кат
Пронајдете не на следниве мрежи: