Свесно креираната хистерија против поранешниот министер за здравство Никола Тодоров од страна на СДСМ и соросовите медиуми, вчера резултираше со обид за убиство на висоскиот фунционер на ВМРО-ДПМНЕ, кој до вчера беше и заменик претседател на Владата. Вчера околу пладне, човек се обиде физички да го ликвидира Тодоров пред Министерството за здравство, додека екс министерот влегуваше во зградата со цел да се изврши примопредавање на функцијата со новиот министер, Арбен Таравари.Благодарение на присебноста на Тодоров во моментот, како и брзата интервенција на обезбедувањето, совладано е лицето кое инаку е дедо на малата Тамара Димовска од Велес, случај кој постојано беше злоупотребуван од СДСМ и соросовите медиуми по смртта на девојчето. Токму овој трагичен случај беше едно од главните оружја на СДСМ и нивните НВО во црната кампања која ја водеа против Тодоров, односно ВМРО-ДПМНЕ.
Со некрофилските тактики и манипулирање на јавноста при случајот не само со малата Тамара, туку и со сите можни други случаи, СДСМ и соросовите невладини организации создаваа перцепција дека власта е виновна. Преку злупотреба на ваквите трагични настани, за тоа се обвинуваа Тодоров и другите функционери од владеачката коалиција, притоа нарекувајќи го министерот за здравство „масовен убиец“ со цел да го оцрнат и дискредитираат. Јавноста памети од истите тие луѓе преку некрофилски тактики се обидуваа да донесат политички поени на сметка на СДСМ преку случаите Мартин Нешковски, Диво Насеље, Смилковско езеро…
Во ваквото оркестрирано заедничко делување со соросовите НВО директно помагаа и фунционерите на СДСМ, кои во сите јавни настапи ги набедуваа и обвинуваа функционерите на ВМРО-ДПМНЕ за ваквите случаи, за потоа нивните невладини по социјалните мрежи да шират омраза која резултираше со обидот за атентат врз Тодоров.
Во сето ова клучна улога имаше и сега новиот премиер Зоран Заев, кој за време на објавувањето на таканаречените „бомби“ многу често најавуваше дека „ќе ја дознаеме вистината за Младенов / Смиљковско / Диво насеље“ со цел да создаде дилема дека и во овие случаи за смртта на децата кај Смиљковско, полицајците кај Диво Насеље и Младенов е виновно ВМРО-ДПМНЕ. Заев директно си играше со чувствата на семејствата на загинатите. Бескруполозноста на Заев и СДСМ се покажа и по тоа што дури и во својата изборна кампања, СДСМ имаше спотови со погребите поврзани со овие настани, а нивните невладини шарени платеници редовно ги нарекуваа функционерите на ВМРО-ДПМНЕ убијци, токму врз основ на оваа лажно создадена перцепција.
Насилството е предолго во речникот на сета групација која со сите сили, конечно ја порази јасно изразената волја на граѓаните изразена и на последните изрежирани избори. Повиците за напади, рушење, убиства, воедно со оцрнување и етикетирање на раководните функционери на партијата на власт неминовно доведоа до оваа состојба во која, денес, се обидува да се претстави како афект нешто што е долготрајно подготвувано.
Никола Тодоров до сега е најдиректниот случај на напад со обид за атентат од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, но за жал не е единствениот. Пред само неклку недели обид за атентат имаше и врз Антонио Милошоски, и тоа со бомба во куќата на неговите родители. Напад се случил и врз Гордана Јанкуловска, каде што настрадал нејзиниот автомобил. Сите тие се високи претставници на партијата, на чие чело, веќе подолго време, под сериозна закана е и нејзиниот лидер, Никола Груевски.
Благодарение на присебноста на Тодоров во моментот, како и брзата интервенција на обезбедувањето, совладано е лицето кое инаку е дедо на малата Там
Пронајдете не на следниве мрежи: