Свештеник кој доживеал клиничка смрт, тврди дека се сретнал со Господ! Неговата приказна руши многу христијански верувања!

Свештеник од американската држава Масачусетс, кој доживеал клиничка смрт во времетраење од дури 48 минути, пред да биде реанимиран, тврди дека доживеал искуство кое ќе промени многу христихански верувања.Џон Мајкл О’Нил (71), тврди дека во тие 48 минути  „отишол во рајот“ и го сретнал Господ.
О’нил бил итно пренесен во болница на 29. јануари, по тежок инфаркт, и набрзо бил прогласен за мртов.
Со помош на уредот наречен „ЛУЦАС-2“, кој ја насочувал крвта кон неговиот мозок, лекарите во Општата болница успеале да ги деблокираат виталните артерии и да воспостават стабилен ритам на отчукувањето на срцето.
Лекарите се плашеле дека долгата клиничка смрт ќе остави трајни последици врз неговиот мозок, но свештеникот успешно закрепнува.
Тој тврди дека многу добро се сеќава што доживеал додека бил клинички мртов.

Тој опишува необично надприродно искуство на „интензивно чувство на бескрајна љубов и прифаќање, кое го почуствувал додека го опкружила светлина“.
Тврди дека во тој момент „отишол во рајот“ и се „сретнал со Господ, кого го опишува како „женско, мајчинско суштество на светлината“.
–  Нејзиното присуство беше неверојатно и утешно. Имаше мек нежен глас, а нејзиното присуство беше охрабрувачко како мајчинска прегратка. Фактот дека Господ е „Света мајка“, а не „Свет отец“ ниту малку не ми пречи, напротив таа е се што се надевав дека ќе биде, дури и повеќе од тоа, изјави О’Нил, додавајќи дека ќе продолжи да ја шири приказната за „Светата мајка“.
– Планирам да продолжам да проповедам. Сакам да го споделам моето сознание за Мајката, Синот и САветиот Дух со сите католици и православни христијани. Господ е голем и семоќен и покрај тоа што е жена, тврди свештеникот.
Римокатоличката надбискупија Бостон, кон која О’Нил тврди дека и припаѓа, се огради од оваа приказна.
Нејзиниот потпарол Теренс Данилон изјави дека О’Нил не е еден од нивните свештеници и дека мисли оти неговата приказна не е вистинита.Џон Мајкл О’Нил (71), тврди дека во тие 48 минути  „отишол во рајот“ и го сретнал Господ.
О’нил бил итно прене

Пронајдете не на следниве мрежи: