Свештеникот Брајан Колодијејчук,кој ја покрена и застапуваше каузата за канонизација на Мајка Тереза, или во римокатоличката црква познат како постулатор, вели дека процесот на канонизација почнал од 1999 година – цели 17 години што вели е долг процес но во историски контекст е релативно кус.Во интервју за хрватската телевизија Нова, тој објаснува дека било потребно едно чудо за да почне процесот на беатификација , а чудо значи дека господ одговорил на молитвите на Мајка Тереза.
Свештеникот вели дека го запознал мажот од Бразил за кој се верува дека бил извлекуван преку молитвата на Мајка Тереза.
,,Марчило , неговата сопруга и двете деца дојдоа први во Ватикан – тој и своите деца ги нарекува продолжување на чудото бидејќи докторите му рекле дека има помалку од еден процент шанси да стане татко“, вели тој.
Според него, имало и други случаи кои биле анализирани, но или немало доволно докази или освен посредството на Мајка Тереза имало и други чинители.
На оние кои ја критикуваа канонизацијата, свештеникот им одговора – „Најпрво треба да ги имате сите факти бидејќи обвинувањата се втемелени на лажни информации – Калкута не е во Њујорк, ниту во Париз и не можете да ги користите стандардите на Америка и Европа и да очекувате иста работа“.
„Интересно е дека и денес во Калкута доаѓаат многу волонтери кои се од различна вера или воопшто не се верници и се многу скептични по прашање на верата, но доаѓаат да помагаат и тоа им се враќа“, вели свештеникот кој додава дека начинот на работа на Мајка Тереза бил таков што им дозволувал на сите да се вклучат во давањето помош..Во интервју за хрватската телевизија Нова, тој објаснува дека било потребно едно чудо за да почне процесот на беатификација , а чудо значи дека гос