Цимерка од Ерџелија, ограбила Кинези што го градат автопатот кон Миладиниовци. Таа заедно со нив, неколку месеци ја делела куќата во Свети Николе каде сите живееле како потстанари, пренесува ТВ „Стар“ од Штип.Ова на 29-годишната жена од Ерџелија ѝ дало можност да стане човек од доверба на Кинезите, па тие често ја оставале вратата од балконот што го делеле со цимерката незаклучена. Токму низ неа, таа влегла во нивната соба и детално ги проверила фиоките, но и џебовите од панталоните на „гастарбајтерите“ од Кина.
Нашла неколку паричници и вкупно 22.600 денари во нив и сите ги зела за себе. Кинезите случајот го пријавиле во полиција, а истрагата како одговорна ја посочила цимерката, поради што против неа е поднесена кривична пријава за кражба. Освен без пријатели од Кина, младата жена сега ќе остане и без соба во куќата, зашто освен себе, пред Кинезите го извалкала и образот на газдите.Ова на 29-годишната жена од Ерџелија ѝ дало можност да стане човек од доверба на Кинезите, па тие често ја оставале вратата од балконот што го деле