Светиот крст во Прилеп го фати Филип Стојаноски!

Филип Стојаноски (23) е најсреќниот меѓу седумдесетмината прилепчани кои скокнаа по светиот крст во осветените води од базенот на хотелот „Сонце Г.А.“.Филип Стојаноски (23) е најсреќниот меѓу седумдесетмината прилепчани кои скокнаа по светиот крст во осветените води од базенот на хотелот „Сонце Г.А.“.
Филип вели дека повеќе од три години немал среќа, а оваа година имал голема желба, пред се заради неговата огромна верба кон Бога, повторно да скокне по светиот крст.
Во согласност со традицијата и православната христијанска вера, Локалната самоуправа и градоначалникот Ристески за Стојаноски и за останатите учесници на овој свет настан, обезбедија богати пригодни награди.
Традиционално како и секоја година градоначалникот Ристески присуствуваше на осветувањето на водите и фрлањето на светиот крст во населените места Мало и Големо Коњари, Ново Лагово и Штавица.
Во Тополчани, Чепигово, Витолиште и Маркова Чешма на светиот чин за фрлање на крстот во осветените води присустваше делегација предводена од раководителите на одделенијата на Oпштина Прилеп како и Претседателот на Совет Никола Димески. За најсреќните општината обезбеди пригодни подароци.Филип Стојаноски (23) е најсреќниот меѓу седумдесетмината прилепчани кои скокнаа по светиот крст во осветените води од базенот на хотелот „Со

Пронајдете не на следниве мрежи: