Рускиот воен брод „Виктор Леонов“ пристигна во Хавана, во како што е соопштено, рутинска посета на Куба.Станува збор за брод што обично се користи за разузнавачки потреби, опремен со софистицирана електронска техника за следење и прислушување на комуникациите.
Кубанските државни медиуми за рускиот брод соопштија со задоцнување, а како невообичаено се смета што бродот е укотвен во делот од пристаништето, познат како Стара Хавана, каде обично се запираат туристичките бродови што се на крстосување.
Пристигнувањето на „Виктор Леонов„ во кубанскиот главен град доаѓа непосредно по промовирањето на планот на руското Министерство за одбрана, за проширување на военото присуство на Русија низ светот.
Во Москва беше соопштено дека е побарана дозвола за користење на пристаништата во Куба, како и во другите земји од Латинска Америка, но и од Азија и Африка и насекаде во светот.
Куба и поранешниот Советски Сојуз имаа мошне тесна воена соработка во времето на „Студената војна“ но односите на воен план се намалија по паѓањето на „железната завеса“. Бродот „Виктор Леонов“ чие присуство предизвика интерес меѓу Кубанците, зашто доаѓа по подолго време, е вооружен со ракети земја-воздух, како и со 30 мм. противавионски топови.Станува збор за брод што обично се користи за разузнавачки потреби, опремен со софистицирана електронска техника за следење и прислушување на комун