Во светот недостигаат ефикасни антибиотици поради зголемената отпорност на болестите на лекови, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
СЗО предупредува дека нема доволно нови антибиотици, чиј развој е во тек, за да можат да се лекуваат најотпорните инфекции, како што е туберкулозата, од која умираат речиси 250.000 годишно.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адхан Хебреус, изјави дека антимикробната отпорност е „итен случај од глобални размери”, кој сериозно ќе го загрози напредокот на модерната медицина.
– Итно е потребно поголемо инвестирање за истражување и развој во областа на лекување инфекции отпорни на антибиотици, вклучувајќи ја и туберкулоза. Во спротивно, ќе се вратиме во времето кога луѓето се плашеа од вообичаени инфекции и ќе биде ризично човек да се изложи на мал хируршки зафат, рече Хебрејезус .
Од СЗО соопштија дека има 12 класи на патогени кои се одговорни за вообичаени инфекции, како што се воспаление на белите дробови или инфекции на уринарниот тракт, кои се повеќе се отпорни на постојните антибиотици.
Од 51 нов лек, кои моментално се развиваат, СЗО само осум ги оцени како иновација во лекувањето.
СЗО предупредува дека нема доволно нови антибиотици, чиј развој е во тек, за да можат да се лекуваат најотпорните инфекции, како што