Пред 252 милиони години, Големото изумирање доведе до исчезнување на околу 90% од сите светски растителни и животински видови.Новата студија на Универзитетот Дјук тврди дека светот се наоѓа на работ од Шестото големо изумирање на видовите и дека растителните и животинските видови изумираат 1.000 пати побрзо од случајот пред појавата на луѓето.
Истражувачите ја набљудувале брзината на изумирање во минатото и сегашноста и заклучија дека во минатото таа била значително помала.
Видовите денес исчезнуваат од лицето на Земјата 10 пати побрзо, изјави биологот Стјуарт Пим.
„Се наоѓаме на работ од Шестото големо изумирање. Дали ќе го избегнеме или не, зависи исклучиво од нас“, тврди Пим.
Пим во 1995 година, откри дека брзината на изумирање изнесувала 1 пред доаѓањето на луѓето, но по неговата студија тој и колегите заклучија дека таа изнесувала 0,1.
Бројни фактори влијаат врз забрзаното исчезнување на светот, но на прво место се наоѓа губењето на природните живеалишта. Растителните и животинските видови не успеваат да пронајдат ново живеалиште поради ширењето на човечката популација.
Голем дел од флората и фауната досега беше уништен пет пати, а тие исчезнувања скоро секогаш биле последица од удар на големи метеори. Пред отприлика 66 милиони години, едно такво истребување ги избриша диносаурусите од лицето од Земјата, како и три од четири видови кои постоеле во минатото.Новата студија на Универзитетот Дјук тврди дека светот се наоѓа на работ од Шестото големо изумирање на видовите и дека растителните и животинските



