После смртта на Јохан Кројф, светот на фудбалот синоќа изгуби уште едно големо фудбалско име.На 84 годишна возраст, почина Чезаре Малдини, татко на уште една италијанска легенда и поранешен капитен на Милан, Паоло Малдини.
Чезаре во својата кариера има освоено четири „Скудета„ еден куп на Европа, еден Суперкуп и Купот на победници на куповите како тренер и играч.
Како играч, од 1954 до 1966 има одиграно над 400 натпревари во дресот на Милан, освојувајќи со него четири шампионски титули во италијанското првенство и една во тогашниот Куп на европски шампиони во 1963 година.
Како репрезентативец, забележа 25 настапи за италијанската репрезентација и партиципираше на Светското првенство во Чиле во 1962 година.