Светска народна медицина: 5 древни рецепти за здравје!

Секако дека постојат чудотворните еликсири кои поседуваат магични способности, но нема да ги купите во аптека. Овие прастари народни рецепти се зачувале до ден денес, а сигурно ќе ви помогнат да го препородите своето тело.Еликсир од стариот исток
Помешајте 120мл лимонов сок, 200 гр  домашен мед од багрем и 40мл маслиново масло. Добиениот сируп чувајте го во ладилник и секое утро земајте по една супана лажица на празен стомак, на децата можете да им давате помала количина.
Кинески лек за имунитет
Во народната кинеска медицина циметот има репутација како лек за настинка и грип, а со чај се користи и свеж ѓумбр. Помага и при проблеми со варењето, ги ревитализира нервите и крвта.
Доколку  користите напиток подготвен според оваа рецепта, сигурно ќе се уверите  во неговите резултати.
Навечер пред спиење во шолја од 200 мл ставете две лажички цимет и една голема супена лажица мед. Нарендајте малку свеж џумбир, околу една кафена лажичка. Во шолјата сипетe зовриена вода. Потоа додадете  три лажици сок од лимон и поклопете ја шолјата со тацна.
По половина час испијте половина од  чајот пред спиење, а другата половина  испијте ја наутро на празен стомак.
Древен индиски еликсир
За подготовка на овој напиток ќе ви биде потребна една  шолја козјо млеко, половина лажичка куркума, три супени лажици бадемово масло, две лажички мед и пола шолја вода. Млекото загрејте  и во него измешајте  ги останатите состојки. Наместо бадемово масло можете да користите и маслиново масло, а напитокот би требало да го конзумирате  наутро на празен стомак. Овој еликсир на здравјето поволно ќе влијае на вашиот имун систем.

Еликсир за чистење на крвта
13 чешниња лук  иситнете  ги и помешајте со  600мл бело вино. Ставете ја течноста во стаклена тегла која ќе ја држите точно три недели на добро осветлено место, и неколку пати дневно ќе ја протресувате теглата. По три недели, процедете ја течноста и сипете  ја во стаклено шише. Земајте по три супени лажици дневно пред секој оброк.
Фараонски чај
Дневните Египќани често конзумирале чај од суданска ружа, односно хибискус. Овој напиток не бил популарен без причина. Хибискусот е посебно богат со антиоксиданси кои ја штитат кожата од стареење. Чајот од хибискус ѝ бил омилен пијалок на Клеопатра, која го конзумирала постојано.Еликсир од стариот исток
Помешајте 120мл лимонов сок, 200 гр  домашен мед од багрем и 40мл маслиново масло. Добиениот

Пронајдете не на следниве мрежи: