Porsche на автомобилскиот саем во Лос Анџелес се претставува со три новитети.На крајот на годината, Dr. Ing. h.c. F. Porsche AG на автомобилскиот саем во Лос Анџелес претставува три новитети. Производителот на спортски автомобил претставува два нови GTS модели, 911 Carrera GTS и Cayenne GTS, а на прес-конференција, која е закажана за 19 ноември, Porsche ќе го престави и ексклузивното издание – Panamera, кое е ограничено на 100 примероци.
Четирите варијанти на 911 Carrera GTS го затвори јазот помеѓу 911 Carrera S и 911 GT3. Моделот се произведува во две варијанти: купе и кабриолет кои се опремени со погон на задните тркала или на сите тркала и имаа моќ од 430 КС (316 kW). Спортскиот пакет Chrono како и другите спортски карактеристики се вградуваат како стандардна опрема. Cayenne GTS има 440 КС (324 kW) и уште поспортска шасија, а со цел да обезбеди подобри возни перформанси автомобилот се спушта за 24 милиметри. Третиот новитет на автомобилскиот саем ќе биде ексклузивното издание на Panamera, автомобил кој претставува особено луксузна комбинација на перформанси и ексклузивност.
911 Carrera GTS: Потрошувачка на гориво: градска 13,9-12,2 l / 100 km; на отворен пат 7,7-6,7 л / 100 км; комбинирана потрошувачка 10,0-8,7 l / 100 km; Емисии на CO2 235-202 g / km
Cayenne GTS: Потрошувачка на гориво: градска 13,2-12,9 l / 100 km; на отворен пат 8,3-8,1 л / 100 км; комбинирана потрошувачка 10,0-9,8 l / 100 km; Емисии на CO2 234-228 g / km
Porsche Panamera Turbo S: Потрошувачка на гориво: градска 15,1 l / 100 km; на отворен пат 7,9 l / 100 km; комбинирана потрошувачка 10,5 l / 100 km; Емисии на CO2 245 g / km.
На крајот на годината, Dr. Ing. h.c. F. Porsche AG на автомобилскиот саем во Лос Анџелес претставува три новитети. Производителот на спортски автом