Динамично купе со моќен plug-in хибриден погон. Д-р Улрих Хакенберг, член на одборот за технички развој во AUDI AG изјави: “Овој изложбен автомобил ја отелотворува нашата инженерска компетентност, врвните електронски карактеристики со високи перформанси и ласерските светла.”Динамичен дизајн, огромна моќ и нови електронски карактеристики: Audi претставува фасцинантен концепт автомобил на CES (саем за електронски производи) во Лас Вегас, САД. Концепт автомобилот Audi Sport quattro Laserlight, потсетува на класиката од 1983 година Sport quattro, кој целосно е насочен кон иднината – со најнова plug-in хибридна технологија на брендот, целосна контрола, дисплеј кој ги прикажува сите информации и најнова технологија за осветлување.
„Новиот изложбен автомобил ја покажува техничката предност на повеќе нивоа”, изјави д-р Улрих Хакенберг и додаде – “Кај овој автомобил имаме е-tron технологија со моќност од 515 kW, а потрошувачката на гориво изнесува 2,5 л/100 km; ласерските светла ги засенија сите досегашни светлосни системи со својот сјај и опсег, а тука е и новиот екран, со оперативен систем кој има врвни електронски перформанси. Преку овој модел ние ја прикажуваме иднината на Audi.”
Купето, кое ја прикажува новата еволутивна фаза на Sport quattro концептот, обоено е во плазма црвена боја и ја комбинира моќта на класичниот Sport quattro со емоционалната елеганција. Каросеријата е затегната над големите тркала, а деловите на каросеријата пред и зад тркалата се кратки со што пропорциите на автомобилот се во една спортска рамнотежа. Меѓуоскиното растојание изнесува 2784 мм, возилото е 4602 мм долго и 1964 mm широко. Моделот кој има две врати е прилично широк, но со само 1386 мм во висина, тој е исклучително низок.
Моќните ласерски диоди се значително помали од LED диодите, тие имаат само неколку микрони во дијаметар. Го осветлуваат патот на растојание од околу 500 метри, а ласерскиот зрак светлина има двапати поголем опсег и три пати поголем сјај од LED светлата. Преку оваа технологија од иднината, Audi уште еднаш ја демонстрира својата улога на предводник во автомобилската индустрија кога станува збор за осветлувањето, таа за прв пат ќе биде поставена кај R18 e-tron quattro.
Plug-in хибридниот погон кај Audi Sport quattro laserlight концептот има фасцинантно динамични перформанси. Погонскиот систем има 515 kW односно 700 КС, а вртежниот момент изнесува 800 Nm. Моќта се пренесува преку осум брзинскиот Tiptronic автоматски менувач на quattro погонот на сите тркала, кој има спортски диференцијал на задната оска . Комбинирана потрошувачка на гориво кај овој изложбен автомобилот, според важечките стандарди, изнесува 2,5 литри на 100 km – a емисијата на CO2 изнесува 59 g/km.
Четири литарскиот V8 мотор со внатрешно согорување има biturbo полнење и произведува 412 kW, а втрежниот момент изнесува 700 Nm. Тука е и новата технологија за исклучување на цилиндрите ( COD), која деактивира дел од цилиндрите при делумно оптоварување. Старт стоп системот помага овој осум цилиндричен мотор да биде многу поефикасен. Помеѓу 4,0 TFSI моторот и погонскиот систем, се наоѓа електричниот мотор кој произведува 110 kW / 400 Nm. Енергијата ја црпи од литиум јонската батерија која е поставена во задниот дел и која има 14,1 kWh – тоа е доволно возилото да помине 50 km само со електричен погон. Audi wallbox уредот кој се користи за полнење на батеријата обезбедува оптимален пренос на енергија.Динамичен дизајн, огромна моќ и нови електронски карактеристики: Audi претставува фасцинантен концепт автомобил на CES (саем за електронски произво