Виртуелниот GTI автомобил од PlayStation 3 станa реалност Volkswagen го разви GTI Roadster со 503 КС за “Gran Turismo 6” Volkswagen го пренесе GTI Roadster од виртуелниот во реалниот светНа легендарните GTI средби во Wörthersee оваа година Volkswagen ги избриша границите меѓу виртуелниот и реалниот свет. Причината за тоа е светската премиера на концепт автомобилот, кој првично беше замислен како чисто компјутерски генериран автомобил за PlayStation 3 – GTI Roadster. Кабриолетот со две седишта е придвижуван од 3.0-литарски V6 biturbo мотор кој има моќност од 370 kW, односно 503 КС. Кај V6 TSI моторот максималниот вртежен момент изнесува 560 Nm кој се добива помеѓу 4000 и 6000 вртежи во минута. Моќта од 500 Nm вртежен момент, кај бензинскиот мотор со директно вбризгување, достапна е веќе од 2000 вртежи во минута. Огромната моќ на TSI моторот се пренесува на 20-инчните тркала преку 7 степен автоматски менувач (DSG) со двојна спојка, a автомобилот дополнително го има и системот 4MOTION за погон на сите тркала. Овој супер спортски автомобил тежи само 1420 кг и од 0 до 100 km/h забрзува за само 3,6 секунди. Максималната брзина е 309 km/h!На легендарните GTI средби во Wörthersee оваа година Volkswagen ги избриша границите меѓу виртуелниот и реалниот свет. Причината за тоа
Пронајдете не на следниве мрежи: