Утрово осамна чудна вест која доаѓа од Бразил, а ја објавија повеќе светски медиуми.Бразилскиот клуб Чапокоензе, кој во авионската несреќа во Колумбија пред неколку денови ги загуби скоро сите фудбалери и членови на стручниот штаб, е казнет од страна на фудбалскиот сојуз на Бразил.
Всушност, Чапокоензе пред една недела не го одигра последниот натпревар од домашното првенство (Бразилерао) против Атлетико Минеиро, па така според фудбалските закони во оваа земја, двата клуба ќе бидат бодовно казнети и парично со по 100.000 реали.
Дефинитивно колку и да е добро да се почитуваат законите, оваа одлука на првите луѓе на бразилскиот фудбал предизвика голем гнев кај фудбалските фанови ширум светот.Бразилскиот клуб Чапокоензе, кој во авионската несреќа во Колумбија пред неколку денови ги загуби скоро сите фудбалери и членови на стручниот штаб,