Откако заработи милиони од мечот со Флојд Мејведер, боксер и политичар искористи дел од заработените пари за да изгради домови за над 1.000 сиромашни семејства во неговиот роден град.Мени Пакиао е повеќе од светски познат спортист и филипински политичар. Тој е активист кој даде пари за изградба на 1.000 домови за помош на сиромашни семејства во неговото родно место.
Претходно годинава, Мени напиша на Фејсбук:
„Среќен сум што овие куќи бесплатно им ги доделувам на повеќе од 1,000 семејства од провинцијата Сарангани од сопствен џеб.“
Иако тој загубил во мечот против Мејведер, сѐ уште заработил милиони долари од „мечот на столетието“ и почувствувал потреба да им помогне на оние на кои најмногу им е потребна помош.
Тој напишал:
„Како верни исползувачи на Божјата волја во нејзини различни форми, секој од вас треба да го искористи секој добиен подарок за да им служи и на останатите. Ќе градам уште куќи затоа што верувам дека Библијата вели да се нуди великодушност на друг без чувство на стегнатост.“
Додека многумина го пофалија неговиот гест, дел од луѓето сметаат дека овој чекор на Пакиао не е ништо друго освен добро испланиран политички потег.Мени Пакиао е повеќе од светски познат спортист и филипински политичар. Тој е активист кој даде пари за изградба на 1.000 домови за помош на сирома