Некогаш најдобрата светска тенисерка, Мартина Хингис е осомничена за семејно насилство. Некогаш најдобрата светска тенисерка, Мартина Хингис е осомничена за семејно насилство. Всушност, нејзиниот сопруг, Тибулт Хутин тврди дека Мартина го претепала со помош на нејзината мајка и партнерот.
Хутин претходно ја обвинуваше сопругата за брачни неверства, па поради тоа сопружниците во последно време живееле одвоено.
– Во понеделникот навечер, во нашиот заеднички стан се појавија Мартина, нејзината мајка Мелани Молитор и партнерот на Мелани, Силвио. Наскоро почнаа да ме удираат, а јас не возвратив бидејќи тоа не ми го дозволува моето воспитување. Никогаш не сум удрил жена. Потоа Силвио ме гаѓаше со ДВД-плеерот. Кога си заминаа ми стана јасно дека ми го зеле пасошот и кредитните картички. Веднаш потоа повикав полиција – рече Хутин, кој сега има 30 дена да реши дали ќе поднесе тужба.
По повод овој инцидент 32-годишната Мартина ја нема изнесено својата верзија.Некогаш најдобрата светска тенисерка, Мартина Хингис е осомничена за семејно насилство. Всушност, нејзиниот сопруг, Ти



