Светски признат научник тврди: Со ОВИЕ намирници можете да го „изгладнете“ и да го победите ракот!

За разлика од секаквите надрилекари кои тврдат дека со одредени намирници или препарати може да се излечи ракот, д-р Ли е многу објективен – туморот не може туку така да се излечи, потребна е операција. Меѓутоа тоа што можеме да го направиме е буквално да го „изгладнеме“ додека е се уште во фазата на формирање, и тоа така што ќе спречиме ангиогенеза.Доктор по интерна медицина од Кембриџ, Вилијам Ли, веќе со години се занимава со испитување на ангиогенеза, раст на крвните садови и капилари кои го снабдуваат туморот со крв. Без крвните садови туморот не би можел да се развива – но прашање е како да се запре нивниот раст? Д-р Ли вели дека решението не мора да бидат скапи лекови, туку само малку подобро запознавање со тоа што ни го нудат пазарите.
За разлика од секаквите надрилекари кои тврдат дека со одредени намирници или препарати може да се излечи ракот, д-р Ли е многу објективен – туморот не може туку така да се излечи, потребна е операција. Меѓутоа тоа што можеме да го направиме е буквално да го „изгладнеме“ додека е се уште во фазата на формирање, и тоа така што ќе спречиме ангиогенеза.
За да разбереме за што овде станува збор (верувајте ни, покорисно е и поинтересно отколку што делува) треба да разбереме како туморот всушност функционира. Имено, микроскопските тумори постојано се јавуваат во здрав организам. Аутопсиите покажале дека 40 отсто од здравите жени на возраст помеѓу 40 и 50 години имаат микроскопски рак на дојка, додека 50 отсто од мажите во 50-ите и 60-ите години имаат тумор на простата. Според предвидувањата на д-р Ли, 100 отсто од нас до 70-тата година ќе имаат микроскопски рак во тироидната жлезда.

Добра вест е што овие микроскопски карциноми не претставуваат некоја опасност се додека не пораснат. А за да растат и да се шират потребен им е доток на крв и кислород – што го добиваат од крвните садови и капилари.

 

Лошата вест е што карциномот поттикнува развивање на крвни садови околу себе, и доаѓа до забрзана ангиогеноза и туморот се развива многу побрзо. Интересно е што ова се случува кај сите видови тумори, и токму во тоа би можело да лежи решението за успешно спречување на растот и развојот на карцином.
Постојат голем број експериментални лекови кои функционираат токму на таа база на спречување на доток на крв до туморот, но д-р Ли смета дека се што навистина ни е потребно за да го спречиме настанувањето на карциномот или неговото ширење лежи во нашата кујна. Имено тој во истражување со колегите дошол до податок дека одредени намирници имаат исклучително анти – ангиогенезиско дејство, па дури и посилно од некои лекови.
Тука спаѓаат:
црвено грозје, зелка, куркума, морско оревче, артишок, лаванда, тиква, туна, магдонос, лук, домати, маслиново масло, масло од семки од грозје, темно чоколадо, цреша, ананас, зелен чај, јагоди, боровинки, капини, црвено вино , малини, портокали, грејпфрут, лимони, јаболка …
Не само што овие намирници го спречуваат развојот и растот на туморот, туку ни се и најдобар сојузник за слабеење. Имено, по истиот принцип како и туморот, така растат и маснотиите во телото, бидејќи маста не би можела да расте и да се шири без доток на крв. Затоа се создаваат нови крвни садови и капилари кои го снабдуваат масното ткиво со крв – а знаете што ќе се случи ако остане без таа крв? Така е, ќе исчезне. Тоа д-р Ли го докажа и со експеримент на еден посебно дебел глушец.
Важно е сепак да се нагласи дека ова не се намирници кои лечат од рак, бидејќи такво нешто не постои. Но, затоа претставуваат одличен начин да ги спречите евентуалните микротумори  да прераснат во вистински проблем, или барем да им го забавите растењето. А со тоа ќе ви помогнат и да ослабете – така што правец на чинијата со ваквиот вид на овошје. 

Најдобри рецепти, кулинарски трикови, совети за здравје, диети и здрави напитоци, можете да најдете на фан страната на НАЈАДИСЕ.МКДоктор по интерна медицина од Кембриџ, Вилијам Ли, веќе со години се занимава со испитување на ангиогенеза, раст на крвните садови и капилари кои г

Пронајдете не на следниве мрежи: