Американската софтверска компанија „Citrix“ ја откупи технологијата за мониторинг SCOM на регионалната компанија „Comtrade“. Ова е првпат во историјата една компанија од Силиконската долина да купува технолошко решение од некоја компанија од овие простори.Компанијата „Citrix“ на централниот собир во Лас Вегас вчера објави дека ја откупила лиценцата за правата на користење на технологијата SCOM на „Comtrade“. Ова е првпат во историјата една компанија од Силиконската долина да купува технолошко решение од некоја компанија од овие простори.
„Citrix“ е најголема компанија за клауд-сервиси и спаѓа во најреномираните таканаречени „blue chip“ компании.
Денес цела Америка користи клауд, и тоа со голема безбедност на податоците. Со помош на системот на „Citrix“ на своите податоци ќе можете да им пристапите од која било локација и од кој било уред.
Системот на „Comtrade“ овозможува да се провери „здравјето“ на целокупниот систем. Ова решение е технолошки современо и како такво единствено во светот. – „Comtrade“, гледано на светско ниво, направи најквалитетна интеграција на мониторинг-услугите за XenApp, XenDesktop и Citrix Workspace Suite со Microsoft SCOM, со помош на само една конзола. Преземајќи ги производите на „Comtrade“ нашата компанија ќе биде во можност на нашите клиенти да им овозможи поголема контрола над својата инфраструктура и над услугите на крајниот корисник – рекол Келвин Хсу, потпретседател на „Citrix“. „Comtrade“ вложи многу енергија и знаење, вклучувајќи и голем број инженери, за да обезбеди секој производ на „Citrix“ да го има вистинското решение за управување. Нашите пакети за управување се најдобри во светот, затоа што не само што ги собираат, туку и ги анализираат и ги презентираат податоците на единствен начин, кој овозможува на ИТ-тимовите да ги решаваат најважните инфраструктурни прашања и да испорачаат неспоредливо искуство на крајните корисници преку кој било уред, која било мрежа, каде било – рекол Веселин Јевросимовиќ, претседател на „Comtrade“.
„Comtrade“, основана во 1990 година, е водечка ИТ-компанија во регионот со канцеларии во 11 земји во Европа и во Северна Америка. Главните технолошки центри се лоцирани во три града – Љубљана, Белград и Сараево, пишува Телеграф.мкКомпанијата „Citrix“ на централниот собир во Лас Вегас вчера објави дека ја откупила лиценцата за правата на користење на технологијата