Светските лидери загрижени за ситуацијата во Турција, демонстрации во Германија

Стефен Зајберт портпарол на германската канцеларка Ангела Меркел на Твитер објави дека „мора да се почитува демократскиот поредок во Турција и се да се направи за заштита на животите“.– Турција е многу важна регионална сила и секако стабилноста на Турција и ситуацијата во таа земја непосредно влијае на состојбата во регионот, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
И генералниот секретар на Обединети нации Бан Ки-мун апелираше за мир во Турција по обидот за воен удар.
Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон изјави дека е загрижен поради настаните во Турција и оти внимателно се следи ситуацијата,
Иран изрази длабока загриженост поради ситуацијата во Турција.
– Стабилноста, демократијата и безбедноста на турските граѓани се најважни. Единството и разборитоста е имеператив, изјави иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Зариф.
САД апелираа до сите страни во Турција да ја поддржат Владата на претседателот Реџеп Таип Ердоган против обидот за пуч.
Американскиот претседател Барак Обама и државниот секретар Џон Кери, кој е во посета на Москва, телефонски разговараа за ситуацијата во Турција.
– Претседателот и државниот секретар се согласија дека сите страни во Турција треба да ја поддржат демократски избраната Влада во Турција, да покажат воздржаност и да избегнат какво боло насилство и крвопролевање, соопшти Белата куќа.
Претходно, Северноатлантската алијанса и Европската унија цврсто застанаа зад демократски избраната власт во Турција, по синоќешниот обид за воен удар во оваа држава, јави дописникот на МИА од Брисел.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и водечката тројка на Унијата: Жан-Клод Јункер (Европска комисија), Доналд Туск (Европски совет) и Федерика Могерини (Висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ), излегоа со изјави во кои го осудија обидот за насилно превземање на власта во Турската Република, против волјата на мнозинството на граѓаните на Турција.
– Само што разговарав со турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу и ги следам настаните во Турција со голема внимателност и со загриженост. Повикувам на смиреност и воздржаност, како и на целосно почитување на демократските институции во Турција и нејзиниот Устав. Турција е ценет НАТО сојузник, истакна Столтенберг.
Од друга страна, Јункер, Туск и Могерини беа подиректни во нивната порака за обидот за воен удар во Турција, земја-кандидат за членство во Европската унија.
– Турција е клучен партнер за Европската унија. ЕУ целосно ја поддржува демократски избраната Влада, институциите на државата и владеењето на правото. Апелираме за брзо враќање на уставниот поредок на Турција. Продолжуваме внимателно да го следиме развојот на настаните и да се координираме со 28. земји-членки на ЕУ, порачаа Јункер, Туск и Могерини, челната тројка на Унијата.
 
Обидот за пуч во Турција ја вознемири и турската заедница во Германија. Уште во текот на ноќта повеќе илјади луѓе се собраа пред турските дипломатски претставништва во повеќе германски градови, пишува Дојче Веле.По информациите за обид за пуч во Турција, повеќе илјади луѓе во Германија излегоа на улиците во знак на поддршка на владата на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Пред турската амбасада во Берлин се собраа околу 2000 демонстранти, додека прет турскиот конзулат во Есен имаше околу 5000 луѓе. Спонтани собири имаше и пред турските конзулати во Штутгарт и Карлсруе. Собир на солидарност имаше и во Дуизбург. Според наводи на полицијата, сите собири минале мирно.
Откажани многу летовиПовеќе германски авиокомпании ги откажаа летовите за Турција. Луфтханза, Еуровингс и Ер Берлин во текот на ноќта ги скратија летовите кон и од Турција. Во меѓувреме, повторно некои авиони летаат на релација Германија-Турција. Луфтханза најави дека денеска ќе донесе одлука дали ќе ги обнови летовите за Турција. Погодени се пет релации – од Минхен и Франкфурт, како и од Истанбул и Анкара, но и летовите од Анталија, Бодрум и Измир за Германија. Еуровингс ги откажа сите летови меѓу Германија и Турција на неодредено време.Министерството за надворешни работи во Берлин им препорача на оние кои патуваат за Турција да бидат „исклучително претпазливи“ и ако треба да не ги напуштаат становите и хотелите во кои се сместени. И туристичкиот оператор Томас Кук од туристите побара „да останат во хотелите“ на неодредено време, а тур-операторот Туи формираше кризен штаб.– Турција е многу важна регионална сила и секако стабилноста на Турција и ситуацијата во таа земја непосредно влијае на состојбата во регионо

Пронајдете не на следниве мрежи: