Приказните за разводот на Анџелина Џоли и Бред Пит кружат веќе со месеци, а таблоидите од ден во ден пронаоѓаат нови причини поради кои најславниот холивудски пар се повеќе се оддалечува.И додека едните пишуваат дека не се сложуваат поради низа важни прашања, груги тврдат дека вистинската причина е неговата афера со славната француска актерка Марион Котијар.
Иако ваквите тврдења треба секогаш да се посматраат со голема доза резерва, гласините за наводната афера започнале по вестите за херојскиот чин на Бред Пит.
Имено, американскиот актер во текот на снимањето на новиот заеднички филм „Allied“ ја спасил Марион од давење по што, наводно започнала и нивната љубовна врска.
Бран го превртел чамецот во кој се наоѓале, а таблоидите пишуваат дека храбриот Пит во истата секунда скокнал во вода и иако на себе имал тешка опрема и ја спасил актреката од сигурна смрт.
Некои светски медиуми сметаат дека ова не се ни случило, туку дека ова го измислиле продуцентите за медиумите да пишуваат за новиот филм.
Потоа се појавиле и некои натписи дека Пит се разведува од Анџелина бидејќи не може да ги истрпи нејзиите нездрави навики поради кои е опасно слаба.
На кратко, не се знае дали се разведуваат или не, а она што го знаеме е дека сите натписи околу нивниот развод се покажеле неточни.И додека едните пишуваат дека не се сложуваат поради низа важни прашања, груги тврдат дека вистинската причина е неговата афера с