Светските стандарди за најквалитетна едукација и грижа на деца од сега достапни и во Македонија

Насмевката на своето дете е најубавиот дар за секој родител. Токму среќните деца и нивните насмеани лица го одбележаа викендот кој измина во Скопје, каде во саботата во Карпош 4 официјално беше отворена Интернационалната Градинка Пиколини. Детскиот џагор, многуте насмевки и распеани грла на разиграните дечиња од претшколска возраст, беа дел од прекрасната прослава на отворањето на т.н. уникатна детска оаза Пиколини, која е врвен пример и модел кон кој сега треба да се стреми услугата на сите приватни градинки во Македонија. Од саботата, нашиот главен град доби нова можност и поинаков приказ за грижата и современата едукација на најмалите, преку вредности кои секојдневно се применуваат за правилен и здрав развој на сите мали дечиња.„Да се креира иднината на најмалите дечиња е голем предизвик. Ние ќе се потрудиме да го креираме најдоброто за нашите мали херои. Со овој настан сакавме симболично, преку интерактивен и модерен пристап пред јавноста да ги претставиме вредностите за кои се залагаме веќе 10 години во Пиколини, а тоа е квалитетна и интересна едукација низ забава и игра, грижа и нега за себеси, создавање на емпатија уште од рана возраст за подобра социјализација низ секоја наредна година во текот на растот на секое дете, практикување здрава исхрана секојдневно и безбеден простор за децата во градинката. Сето ова се трудиме да го реализираме низ уникатен и модерен пристап, кој е привлечен за љубопитните детски очи како и за сите родители кои секогаш го сакаат најдоброто за своето дете. Се надевам дека ги задоволивме очекувањата на јавноста и дека нашата пространа градинка е местото каде што сите мајки и татковци го замислуваат секојдневието на своите најмили.“, изјави Марина Тасков ко-сопственик на Интернационалната градинка Пиколини.
Градинката се простира на 700 м2 со 3.000 м2 дворно место за игра и забава на разнобојни и безбедни лулашки и реквизити. Пиколини е градинка во која едукацијата се врши преку одобрена и специјализирана Кембриџ (Cambridge) програма. Дворот содржи и простран спортски терен опремен за разни спортски и телесни активности, како и амфитеатар, расадник и песочник.
Мотото на градинката е „Каде што растат малите херои“, а според изгледот на истата и сето она за кое се залага, дури и супер хероите би посакале да растат во оваа прекрасна детска оаза во главниот град која се наоѓа во склоп на Основното училиште Петар Поп Арсов, кај улицата Волгоградска, во близина на Скопје Сити Мол.„Да се креира иднината на најмалите дечиња е голем предизвик. Ние ќе се потрудиме да го креираме најдоброто за нашите мали херои. Со ово

Пронајдете не на следниве мрежи: