XVI Светско првенство во Лондон (4-13 август) ќе остане во сеќавањето на љубителите на атлетиката како последното големо натпреварување во кое ќе учествува засега најголемиот атлетичар на 21 век, Усеин Болт. Тој ќе настапи на 100 метри, како и на штафетната трка 4 по 100 метри и ќе се обиде да додаде уште некое злато во збирката од 11 светски и 8 олимписки златни медали. Ќе биде интересно и да се проследи кој ќе го наследи во улогата најбрз и најатрактивен спринтер на светот, дали тоа ќе биде Андре де Грас од Канада (100м и 200м) или Јужноафриканецот Вејд Ван Никерк (200м и 400м). Во Лондон последен пат ќе се појави и британскиот крал на долги патеки Мо Фара. Овој петкратен светски првак и четирикратен олимписки победник ќе се обиде повторно да ги освои титулите и на 5 и 10 километри, а сметките ќе се обидат да му ги замрсат како и секогаш натпреварувачите од Етиопија и Кенија.
Од останатите големи двобои на ова првенство може да го најавиме и спектаклот во фрлање копје во машка конкуренција (Германците Ветер и Рохлер, оваа година редовно фрлаат преку 90м), скок во далечина во машка категорија, каде Луво Манионга прескокнува преку 8,60м, како и натпреварувањата во трискок во женска категорија (Колумбијката Катрин Ибаргуен против Венецуелката Јулимар Рохас на далечина од околу 15м) и трката на 100 метри со пречки (светската рекордерка Кендра Харисон против колешката од репрезентацијата, Австралијката Сели Пиарсон)
Целосниот пренос на првенството може да го проследите на Eurosport и www.eurosportplayer.comВо Лондон последен пат ќе се појави и британскиот крал на долги патеки Мо Фара. Овој петкратен светски првак и четирикратен олимписки победник ќе с