Аукцијата е организирана во 70-тите години откако американски војник од Втората светска војна ги понел дома како сувенир.Свилените гаќички со розова боја, украсени со чипки, ги носела Ева Браун за да биде колку што може позаносна за нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер.
Гаќичките се продадени за речиси 3000 долари. Аукцијата е организирана во 70-тите години откако американски војник од Втората светска војна ги понел дома како сувенир.
Долниот веш на Ева Браун е ставен на аукција од страна на куќата Филип Серел, и се очекувало цената да оди најмногу до 400 долари. Сепак, свилените гаќички ги пречекориле очекувањата и новиот сопственик за нив дал 2.900 долари.
Војникот ги нашол во напуштен браварски бункер, во хотелот Платерхоф што се наоѓа покрај куќата на Хитлер. Имаат знаци на износеност, но се уште се во добра состојба.
Доказ дека навистина се нејзини се иницијалите на Ева Браун извезени напред.
Гаќичките, од Втората Светска војна наваму два пати промениле сопственик пред да дојдат до рацете на британскиот колекционер кој на крајот ги продал.
Порабени со бела чипка, гаќичките се одраз на модата од 1940-те години. Чисти се и во добра состојба. Истиот аукционер го продал и црвениот кармин што и припаѓал на госпоѓицата Браун. Карминот е недопрен откако таа умрела, и е продаден за 360 долари. На аукцијата за 1250 долари е продаден и златен прстен со 6 рубини. Него еден американски војник го сокрил во џебот при крајот на војната.
Се чини дека прстенот и гаќичките се земени по кратко време откако се верува дека диктаторот и љубовницата извршиле самоубиство по своето венчање во бункерот во Берлин при крајот на војната.
Ева Браун и Хитлер се запознале во 1929 година, кога таа имала 17, а тој 40 години.
Свилените гаќички со розова боја, украсени со чипки, ги носела Ева Браун за да биде колку што може позаносна за нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер.