Свински медалјони во СОС од СЕНФ

Mесо прелиено со пикантен сос од сенф. Послужете со компири или тестенини и салата. Потребни состојки:
600 гр свинско филе
моркови
3 лажици масло
сол и црн пипер
300 мл супа од зеленчук
200мл суво бело вино
400 гр  тестенини (или компири)
150 гр павлака
2 лажици сенф
1/2 врска магдонос
Подготовка:

 
1.Mесото измијте го и исушете го во кујнска крпа. Отстранете ги жилите. Месото исечете го на парчиња со дебелина од 3-4 см. Морковите исчистете ги и на косо исечете ги на парчиња. Рерната загрејте ја на 60 степени.
2. Во тавче загрејте 2 лажици масло и на него пропржете го месото од двете страни по 3-4 минути. Месото посолете го и забиберете. Извадете го месото и ставете го во топла рерна. Преостанатото масло додадете му го на маслото во кое се пржеше месото, па на него на оган динстајте го морковот околу 3 минути Ставете сол и бибер. Налејте ја супата и виното. Нека се готви околу 8 минути во поклопен сад.
3. Морковот процедете го низ цедалка, соберете ја исцедената течност. Оставете ја на топло место. Течноста ставете ја во тавчето, измешајте ја павлаката и оставете се кратко да проврие, така што ќе се добие кремаст сос. По потреба додадете малку густин. Ставете сенф и зачинете.
4. Магдоносот измијте го и исечкајте го. На чинии по желба сервирајте ги компирите и морковот (може наместо компири да сварите тестенини). Во секоја чинија ставете по еден медалјон и прелијте со сосот. Наросете со сецкан магдонос.
Добар апетит!Потребни состојки:
600 гр свинско филе
моркови
3 лажици масло
сол и црн пипер
300 мл супа од зеленчук

Пронајдете не на следниве мрежи: