Свиркач: Главна операција изминатиот период е т.н „Македонски Екстремизам“

До нашиот службен меил стигна текст од свиркач. Решивме да објавиме целосно. Јавноста сама ќе донесе заклучок за материјалот.
***
Јас сум вработен во Управата за Безбедност и Контраразузнавање од 1999 година, член сум на партијата Единствена Македонија, претходно ВМРО-ДПМНЕ. Безбедносниот систем во Република Македонија е распаднат, државата нема контрола врз криминалот, безбедносните служби немаат контрола врз структурите кои работаат против Република Македонија. Слободно можам да кажам дека Управата за Безедност и Контраразузнавање функционира како странска служба контра интересите на Република Македонија.
Главна операција изминатиот период е т.н „Македонски Екстремизам“, кој почна во времето на ВМРО-ДПМНЕ, по наредба на Сашо Мијалков, а продолжи доста по интензивно и засилено во времето на СДСМ под раководство на Горан „Џони“ Николовски.
1. Случај Никола Димитров – по објавувањето на Вики Ликс, морам да напоменам дека УБК имаше оперативни информации за наклонетост и издавање информации на Никола Димитров уште далечната 2001 кон Американците. Во 2002 тие информации по наредба на врхушката на СДСМ беа избришани и од архивата на УБК. Во 2007 УБК откри нови сознанија за Никола Димитров и неговото работење за друга странска служба (не ЦИА), кое исто така по одреден период исчезна, но овојпат откривме дека странски фактор целосно ја контролира УБК и неможе да се превземе ништо во врска со тоа. Во суштина ние изиграваме суверена држава, а не сме, но работите се излезени од контрола одамна.
2. Талат Џафери, човекот кој два пати дезертираше, еднаш од ЈНА втор пат од АРМ, и е еден од одговорните лица за масакрот кај с. Вејце, УБК има конкретни докази и информации. Истиот човек одработува за две странски служби, УБК знае! Утре може да биде Претседател на РМ. Уште еден доказ, дека ние немаме држава односно глумиме дека имаме.
3. „Македонски Екстремизам“, расветлување на оваа операција. Некаде средина на 2016 година, се спрема формирање на повеќе т.н Македонски Патриотски Здруженија, под контрола на УБК. Како координатор од службите е избран извесен ————, кој можеби и не бил свесен дека е манипулиран или свесно прифатил да биде соработник. Исплатена му е одредена сума на пари, во неговото досие стои дека не е многу интелегентен, лесно подпаѓа под влијание и доколку се спомнат пари истиот прифаќа секаков ангажман. Сличен човек беше ——————–, УБК за вакви операции бара луѓе за една употреба, односно луѓе кои се со помал коефициент на интелегенција и нема да ја сфатат заблудата која им е сервирана. Идејата за креирање на МПЗ беше со цел да се контролираат сите луѓе и структури кои потенцијално би можеле да се организираат и отпочнат радикални сценарија на своја рака. Вака преку контролирани МПЗ тие ќе бидат обесхрабрувани и ќе бидат водени на контролирани митинзи, состаноци, и дружби. Ова е план смислен за подготовка на промена на името и уставот и како план беше предложен од една доста силна странска служба. Зачудувачки беше фактот за УБК колку луѓе, посебни млади лица, етнички македонци се спремни да си го предадат братот свој. Ќе почнам со откривање на операцијата дел по дел по градови.
4. Струга – по насоки на соработник на УБК на оперативен начин им беше предложено на неколку млади лица да креираат МПЗ во Струга со разговор дека во цела држава се креираат, дека ќе има пари за делување и слично. Неколку лица прифатија, а едно од лицата преку посредник, кој нема да го обелоденам сега, прифати да е директен информатор на УБК. Посредникот е запишан во неколку листи и нема потреба да го обелоденувам сега за него казната од македонскиот народ ќе дојде кога тогаш, битно е да напоменам дека ———– и уште еден човек од ВМРО-ДПМНЕ го контактираа посредникот. Информаторот е со иницијали Б.Б, УБК му отвори фирма и угостителски објект и му плаќа кирија. Објектот е целосно оперативно озвучен. Целта беше да се следат сите активности на МПЗ со цел да не направат радикални чекори. Оваа операција во Струга ја водеше колега Албанец од Струшко, а информаторот е етнички Македонец. Информаторот е исто со низок коефициент на интелегенција, дотолку што УБК го прати неколку пати на јавни настани на бившиот амбасадор на Русија во Р.М, а тој даваше извештаи кој бил таму и сликаше за што добиваше паричен надомест. Со ова се запознаени и Руските служби.
Информаторот не е толку интересен бидејќи се работи за човек со мал коефициент на интелегенција кој одлучил да ги предаде браќата за 200 евра месечно, а УБК секогаш ги бира такви (—–). Но посредникот и неговите пријатели од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, се предмет на обработка и јас би се плашел да сум на нивно место.
Ќе продолжам да ги објавувам и останатите градови следен е Битола каде УБК го уништи единственото вистинско патриотско здружение „Тодор Александров“, останете така, кога тоне државата бар да се дознае вистината дека сами од себе си патиме. Еден поздрав до сегашната власт во СДСМ, Руските шпиони не се во Единствена Македонија, туку во ДУИ.
Најголемиот душман на Македонскиот народ е одродениот македонец, кој за грст златници си ги продава браќата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.